Ќе ги изгубиш само оние луѓе кои не те сакаат и на кои не им е гајле дали си тука или не. Оние кои те сакаат никогаш нема да те напуштат и никогаш нема да ги изгубиш.
Тебе човек нешто не ти е добро ти фали нешто во глава, која си будала. Зема роботот од снап го направи да личи како нејзиниот аватар го облече исто, дури и позадината на чатот иста ја стави, и одгоре на се ова пишуваш со него како да е таа Уште па и се нервираш што не одговара како неа па објаснуваш каква е и го тераш исто да се однесува
Издржи. Уште малку, и сѐ ќе заврши. Верувај во себе. Имај трпение. Не се плаши. Ова е тоа. Ако немаше да биде, немаше да се случува.
Престани да се трудиш да ја вадиш ситуацијата како што имаш замислено, кога очигледен е одговорот. Те погрешен тајминг, можда направи lose-lose ситуација.. не се оптеретувај аман.
Немаш поим од проценување, џабе читаш психологии, гледаш поткасти за мрачни тријади и нз што кога не знаеш најобична комуникација да процениш у кој правец оди но ајде сепак те вадам на тоа дека имаш доверба во луѓето и го гледаш најдоброто во нив. Наивна си многуу но не се менувај те сакам таква каква што си. Светла и позитивна Само погледни малку наназад колку од сите оние странци не сакаа да се вратиш во Мк, баш тие кои најдобро те познаваа и ти велеа дека никогаш не сретнале толку позитивна личност како тебе полна со разбирање. Од скопскиве кучки нема да добиеш никакво признание не се надевај на тоа, никогаш и не си го имала од нив, само токсичност и осуда.
Девојко не збориш со неа нов левел на делулу е ова а ми е смешно што цело време мислиш дека се препуцавате уствари у празно коментираш Ако ств е како што мислиш па ти си најјака третото око си го отворила И ова скопски кучки за нејзе беше бтв ако чита а и тоа за лезбејките
Уште ова ќе ти го кажам сакам да го запомниш. Мислам дека она воопшто не е на форумов Pls одјави се.. peace out.
Многу си глуп... Научи малку да не попушташ на сите.. Не се сите како тебе и не секој ќе се однесува кон тебе онака како ти кон него... Продолжи да бидеш добар човек со сите, продолжи да бидеш она што си, ама не се разочарувај кога добрината од луѓето не ти е вратена. Бог дупло ќе ти врати кога ќе дојде време.
Немој да се трудиш за луѓе кои очигледно не сакаат да им си стално во друштво. Не ти се сите пријатели за секаде. Постојат луѓе кои ги познаваш, тие ти се познаници, а постојат и оние правите, вистинските пријатели, труди се за нив, и знај дека не секој знае да го цени заедништвото како ти.