Lovе the beast you are becoming. Никад не си била појака бе ѕвер. Физички. Ментално. Финансиски. Секако се искалуваш во човек каков што секогаш си посакувала да бидеш. Толку сум горда на тебе, дај си само време и гледај колку е убаво кога си најдобрата верзија од себеси.
Немој уште еднаш да си кажала дека не те бива. Ти можеш да креираш и да рушиш. Терај си и да не те занима за другите.
Тоа што ќе скршиш неколку срца ќе ти го врати тебе мирот и здравјето...некогаш мора да донесеме одлука шти наместо нашето срце да биде скршено, ќе скршиме ние. Се ти е заслужени,врти лист и не гледај назад. Таму веќе беше еднаш
Требаше да си одиш прв пат кога и фалеше нешто. Зошто мора се на мајка ти да и кажеш ,знаеш дека прекажано ќе е. 32 г не научи да ќутиш шутрак еден.
Треба да престанеш да се мислиш дали нештото на некој си му го кажала исправно,дан требало вака дан требало така да кажиш ко за тебе луѓево да се мислат што си им рекла во моментот... Ај чил малку
Еден ден ќе биде се поразлично само издржи Пишувај,викај,искажи се,биди гневна,биди нервозна Ќе помине Секогаш сум била добра личност Иако добрината ме кошта многу,многу скапо. #ќе помине
Престани да молиш и да се објаснуваш со луѓе дека имаш само добри намери. Тој што требало да го сфати тоа го сфатил. Тој што не, остави го нека си верува во приказната која си ја замислил. Тинејџерски игри на скоро 30 години не ти се потребни. Секој добро знае што прави.
Човек не можиш да смениш и помири се со тоа. Не можиш да го научиш која е смислата на животот, тоа сам треба да сфати, што има до себе. Најдувај убавини секаде околу тебе, радувај се на мали нешта, не се замарај со глупости! Едно ти е здравјето, чувај го.. И запамти дека си посилна од што мислиш.