Постои зар посензитивен чоек од тебе? Тешко. Си ја мразиш од дното на душата оваа особина, а никако не поработуваш на тоа да ја минимизираш ако ништо друго
Да постапуваше ти спрема советите што им ги даваш на другите, немаше сега да бидеш на ова дереџе. Знаеш што е правилно во која и да е ситуација ама ти самата не можеш да постапиш така. Знаеш што треба да направиш и сега ама немаш храброст, изгледа сакаш да се доуништиш.
Многу убаво од тебе што помагаш и се грижиш за другите, ама зарем од толку многу грижа и љубов не ти остана ништо за тебе? Или зошто барем не им се довериш на оние кои што сакаат да се грижат за тебе?
Ти дур мислиш, оние што не мислат се изнаживеаја. Со години само нешто мислиш и пак мисли, дур сè поминува.
Лелеее колку сум лудаа… Ауу човече зар мора се што ќе ми текне на ум јас тоа да си го остварам направам Харли квин не ми е рамна!
По педерски муабет од машко, да одбие девојка немам видено.... " Се гледам со една" И тоа преку порака. Хахах, ееее господине... Ти текнува кога не можеше да ме погледнеш во очи и таа глаата в земја ја пикна..? Пази се, уште еднаш ќе речам. Господ, гледа. Ќе ме бараш, да знаеш!
Животот тече тивко. Еден момент си млад, се смееш без причина, а потоа одеднаш си постар, гледаш како времето ти се лизга низ прстите како песок. Лицата се менуваат, просториите стануваат потивки, а огледалото покажува некој што не го препознаваш целосно. На крајот, не си ништо повеќе од сеќавање во нечија туѓа приказна. Затоа сакај длабоко, зборувај љубезно и остави нешто вредно за паметење.
Ако ти не си помогнеш самата на себе нема никој кој друг да ти помогне...кој што направи нешто...на толку фалење кој што направил од себе сигурно не е така...сакај се себеси...
1. Кога ќе ја постигнеш целта, не значи дека ќе бидеш среќна. 2. И ти се менуваш исто како и луѓето околу тебе, не осудувај. 3. Прекини да мислиш дека сите ги набљудуваат твоите избори и постапки, секој си го живее својот живот и не си центарот на светот во нивните животи. 4. И ова што го прочитав пред некој ден - не можеш да се пронајдеш себе на туѓа мапа.
Немој да почнеш да се каеш, да се враќаш на старо. Ама ич. Ете се увери пак дека си во право. Немој да дозволиш година дена труд да ти отиде во вода, заради атер, заради луѓе што ти се ситеа кога ти беше најтешко. Знаеш кој ти помогна. Луѓе што едвај ги познаваше, а те спасија, ти пружија рака. Ако некој непознат за тебе ти прави таква добрина, зошто имаш толку ниски стандарди за оние кои би требало да те сакаат најмногу? Ќе помине, уште малце.