Многу имам што да ти кажам, па незнам од каде да почнам.. Се сеќаваш ли кога беше дете и едвај чекаше да наполниш 18 години и кога мислеше дека до 20 години ќе имаш среден, совршен живот, кога мислише дека возрасните можат да си прават се како што сакаат и дека никој нема да дозволиш да ти се меша, дека ќе бидеш среќна, на соништата кои ги мечтаеше и кои веруваше дека ќе се остварат А сега се би дала да бидеш пак дете, можеби немаше најсреќно детство ама тогаш некако по среќна беше. Се изгуби трчајќи по соништата на другите, а каде се твоите? Сериозно мислеше дека ако само си презафатена ќе немаш време да бидеш тажна? Свесна си дека тоа уште повеќе те убива? Барем свати дека успехот не може да ја замени среќата.
Колку повеќе старееш, толку стануваш потивок. Размислуваш за својот живот и тогаш сфаќаш колку време и нерви си потрошил на неважни работи и неважни луѓе.
Најопасната личност со која можеш да бидеш е онаа која не сака да те сака, но исто така не сака ни да те изгуби.
Ти не си совршена, но кој е? Никој. Имаш право да се радуваш. Имаш право и да бидеш гневна. Тебе животот не те гали, туку ти поставува сопки на патот. Те натера и да се покаеш што смртта не те зеде во 2019та. Се прашуваш која е поентата на човечноста, но и не ја губиш. Не можеш оти ти текнува на баба ти и вујко ти. Ти текнува на нивниот сјај во очите и покрај милијарда проблеми и на она на кое те учеа. Тој сјај го овозможуваше оној во твоите очи. Ти даваше надеж. Денес ја немаш таа потпора, но немој да се откажуваш од себе. Виде како самата се избори со секакви. Ти можеш уште. Избриши ги солзите и стани. Не гледај назад.
Ако личноста што ја сакаш не ти се јавува или не прашува за тебе... Тогаш има некој со што ја лекува својата копнеж. Остави на мира, брате мој... Нека секој се измие таму каде што се извалкал...
Зошто сите викаат дека детските години се најубави во основно и средно?Лично мене не ми се ич,ни малку.Срамежлива до бескрај,несигурна,без сопствени пари,делиш соба со сестра ти,па дечкоти ако не те свиѓа -пропадна светот.Аман што наивна и глупа сум била.Па што убавина има во тоа ,сега ми е 100% поубаво,знам што сакам и си фурам свој филм.Кој не му се свиѓа,НЕГОВ ПРОБЛЕМ.Далеку од тоа дека сега немам проблеми,ама знам дека сите ги имаат ,и е решливо повеќето.Наздравје.