Пред 10 години не ни сонуваше дека ќе бидеш тука каде што си сега. Десет години подоцна пак си на истиот крстопат. Посилна, похрабра, поискусна. Нека те најде љубовта на твојот живот исто така ненадејно, чисто, безусловно. Почувствувај среќа, мир, дом. Смири се и опушти се.
Секој ден е нова шанса да се изградиш од почеток. Можеш да станеш посилен, подобар, поуспешен, но само ако веруваш во себе и ако преземиш чекор, колку и да е мал. Не постои совршен момент верувај. Совршениот момент е токму сега, токму тука. Се останато е изговор да знаеш. Остани фокусиран само на себе.
Денес си честитам на себе затоа што секој час секоја мисла и секој труд што го вложив ме доведе до оваа точка. Ова не е само деловен успех, ова е доказ дека упорноста, вербата и работата со љубов секогаш носат плод. Постигната цел не е крајна точка таа е потсетник дека можам дека вредам и дека секогаш сум на вистинскиот пат кога верувам во себе.
Ти доволно време помина обидувајќи се да се вклопиш некаде. Си мислеше дека мора да бидеш како другите за да те прифатат. Долго ти требаше за да сфатиш дека не мораш да бидеш како мнозинството. Сосема е во ред да бидеш своја. Да се ослободиш од ланците и да се искачиш некое ниво погоре. Земи што треба и ти поставувај ги правилата. Овој пат другите нека се трудат да се вклопат во твојот свет.
Горда сум на тебе за сè што правиш денес. По неколку месеци, денешните грижи ќе ти изгледаат како мала шега на животот.
Зимај и грабај шо ти нуди животот. Од секоја една прилика и шанса што ти се дава, потруди се да го направиш најдоброто од себе.