Кон себе од пред неколку месеци: не се грижи мила, тие солзи не беа залудно фрлени. Готово е. Го исчисти отровот од крвта. Сега уживај во новото поглавје.
Тело мое, ти благодарам за жртвата и моќта твоја да донесеме живот на овој свет. Те обожавам. Сѐ ќе биде во ред
Утре те чекаат долги и брутални 2 саати. Телото ќе те боли ама умот ќе те бутка напред. Ќе видиш дека немаш граници Среќно
Во оваа животна фаза запамети што ти е важно.Само желбите,да работиш на нив од ден на ден.Чекор по чекор.И ќе успееш.Верувам во тебе.Крајот го краси делото.
Добро ти тргна. Продолжи. Макар чекор по чекор. Со падови или без. Не врти се назад. Таму нема ништо што ќе ти помогне во остварувањео на промените по кои одамна тежнееш. Сè е веќе видено и покажано на дело, од тапкање во место ништо друго добро не ти донело.
Ти за ќотек плачиш ма! Доста е, се му кажа... се што можеше да се каже, дури и премногу. Престани веќе, престани да бараш некој што знае каде да те најде но не доаѓа. Престани, доста е! Се упропасти! Не си го прави ова себеси, не заслужи толкава казна. Тоа што беше искрена и што сакаше не е лошо, само докажа дека уште си дете во душата, дека знаеш да сакаш искрено и да го кажеш тоа гласно... ама доста е. Да тешко ќе е, ќе носиш две тишини во душата... и неговата и твојата, можеби и ќе си го отруеш срцето... ама ако, отруј го никој веќе да не влезе во него... доста е!
Кога некој постојано ти кажувал и неколку пати во денот дека те сака, утре го сака некој друг како никогаш да не си постоел, како да го наречеме тоа?