Лицемерие. Ако сакаш некого вистински тогаш сакаш, никој не може да го смени тоа, посебно не за кратко време. И кога ќе видиш не се верува на зборови, само на дела... може 100 пати во денот да ти кажува некој ама да не е така. Јас сум една будала што немоше да излаже за тоа. Или сакам или не... јасно и гласно
Мораш и ова некако да го пребродиш. Мораш, друго чаре нема. Ќе те огрее и тебе еден ден сонце. Мораш.
Се што ти се има случено во животот, те има направено тоа што си денес. Силна, храбра и упорна жена која не се откажува и се има научено да се потпира самата на себе, дури и во најтешките животни ситуации. Исто така сите лични избори влијаеле на патот по кој си одлучила да одиш. И поради тоа, горда сум на тебе!
Ти дојде паметот да си себична и за себе да си гледаш конечно... Тебе те побараа па ти сега ќе бараш како да не!
Ова утрово што ти се врти во глава одлука е, или уште еден муабет со себе, уште една караница? Ај вака, да се договориме без карење, се караме веќе долго време. Ова ќе биде одлука. Остави го телефонот од раце, земи дочитај ја книгата што ја читаш, уште неколку страни се, ако сакаш врати се од почеток со читањето. После ќе имаш за учење... одмори, прошетај на воздух и земи да учиш...пополека. Таа приказна што ја почна со факултетот ништо немој да дозволиш да ја уништи, тоа ќе биде убава приказна. Во таа куќа...чувствуваш дека не сакаш да си таму? Немој да бидеш тогаш... размисли добро, разгледај од сите страни и оди си ако тоа место те гуши... а те гуши. Молчи и гради... гради империја... ти уствари ја имаш таа империја само последниве три години се разниша... зацврсти ја! Доизгради ја! Таа не е обична империја од имот и финансии... неее. Таа е империја од знаења, успеси, љубов, насмевки... нема така да ја урнеш, нели? Срцето... заклучи го! Нека не влезе веќе никој внатре, секако за никого веќе нема место. Кој успеа да влезе таму успеа... доста беше! Ајде, застани на нозе цврсто. Еден ден кога ќе се свртиш назад ќе знаеш дека се успеа сама, ќе бидеш карпа од жена. Нежна од надвор, каква што си а цврста од внатре, каква што треба да бидеш, како што те учеше мајка ти. Сети се само, од која жена си родена... и кога нешто не оди, прочитај го ова пак!!! 100 пати прочитај го
Ајде, девојко... стави крај на се што ти направија... и на се што сама си направи. Некогаш срцето не дава да го ставиш тој крај, ама тоа срце криво е досега за се. Ти кажав еднаш, ако треба, отруј го можеш ти, нема нешто што не можеш... BTW како ма немаш ни една брчка? Ни најава за такво нешто... Само напред маче