Уште си истатааа, не е изгубена таа весела девојка една одлука и почнуваш да се враќаш... Ќе ја вратиш таа девојка што танцуваше по цели денови... додека учеше, додека готвеше, додека чистеше. Ќе ја вратиш
Се гордеам со тебе!!! За секое утро што стануваше со потечени очи, ќе станеше, ќе влезеше под туш како да сакаше секоја солза да ја измиеш од себе, ќе си ја направеше косата, ќе се нашминкаше да ги сокриеш очите, ќе се насмевнеше пред огледало, ќе се прснеше парфем за да мирисаш најубаво и ќе заминеше наработа. Работа која бараше од тебе да си смирена, трпелива, мила, насмеана, љубезна, културна... успеваше во тоа кога ти беше најтешко, сега ти е како песна. Никој нема поим колку сила ти требеше да издржуваш по цели денови така а во себе имаше бура. Кога престана да се шминкаш наутро значеше и дека нема што да криеш веќе, никакво чувство не те расплакуваше, немаше чувства веќе... знаеш кога престана тоа чувство? Тоа утро кога освен расплаканите очи мораше да сокриеш и една модринка... никој, никогаш не дозна дека имаше модринка тогаш. Многу работи се собраа... ама ти докажа сека си силна женска. Уште да почнеш да јадеш... сушка стана, не дека не си згодна, хаха напротив. Ама мораш да се спасиш од сите тие анализи за крвта... ако некогаш одиш во тој град да биде за шетање, не на лекар...ајде, од денес! Ако треба залак по залак...
Ти си научи како да кажеш „извини“ на други кога сметаш дека е правилно да кажеш, а не кога ќе ти побараат. Сега ти фали уште да научиш редовно да кажуваш „извини“ на самата себе. Тебе најмногу ти треба.
Дали само се залажуваш(е) дека сè е толку добро, убаво и бајковито? Дали не ја перцепираш добро реалноста каква што е, и потпадна под влијанија? Можеби треба да собереш храброст и да пресечеш, па што биде нека биде. Добро во моментов секако не ти е. Можеби залудно страдаш и си го губиш здравјето. Можеби ова не е тоа што го бараш, не е тоа за тебе. Предупредувањата вриштат, а ти се правиш дека не ги слушаш.. ДАЈ ОСВЕСТИ СЕ ГЛУПАЧО!!!!!!!!!!!!!!!
На овој датум пред две години да знаев каква лавина драми ќе произлезе ради непромисленост од моја страна ќе си го пресечев јазикот. Скапо ја платив цената заради ,,јазикот" а сепак ништо сторено во реалноста. Да знаев дека тоа ќе ми донесе три годишен немир ќе бев присутна во моментот и избришев сѐ. Иронијата е што на речиси две недели претходна разделеност конечно беше тука, а јас бев толку среќна. Со мерак направив сѐ за ноќта да е магична, посебна, како и утрото потоа. Лично се потрудив со многу детали, а сепак ми се врати како што ми се врати. Сум кажала, добри луѓе како мене, злоупотребени, обвинети, кои не знаат да постават граници само за да угодат на други не треба да постојат. We're еrror.
Тој ден кога застана пред влезот на тој факултет прво што помисли беше: "Мече што правиш? Ќе можеш ли? На твои години нели ова е голем залак за тебе? Имаш еден факултет... можеби е доста? А ако заглавиш?" Ама влезе во тој објект, воопшто несроден со тој првиот факултет, знаејќи дека ни еден испит нема да ти е признаен за олеснување, остави документи и беше примена... ти не сфати дека си примена се додека не го зеде индексот во рака сликата твоја...убавица са насловне стране име и презиме твое... и оп почна нештото. Испитите еден по еден си одат. Ги гледаш професорите како веруваат дека си на право место... веруваат Мече, веруваат!!! Ти им кажа да не те штедат за твоето знаење... Одиш напред кон нешто што го сакаше и мислеше години уназад, сама со свое знаење, со свои пари, со свој труд! Ќе успееш, секој ден си се посигурна дека го направи правилниот избор и дека можеш и ќе успееш
Луѓето се ќе ти простат, ќе ти простат да си болен, ќе ти простат да си сиромашен, да си наркоман, да си коцкар, да си алкохоличар, да си душевно болен, да одиши по јавни куќи, да се продаваш за пари, ќе ти простат ако имаш трагична животна судбина.. и во сите овие случаеви ќе те ранат со нивното сочувство и емпатија иако потајно во себе на Бог ќе му се молат никогаш твојата несреќа да не ги снајде. Ама едно нешто нема никогаш да ти простат, радоста и среќата, нема да ти го простат убавиот живот, нема ти ја простат насмевката, нема да ти го простат успехот, и најважното од се нема да ти ја простат ЛЕСНОТИЈАТА СО КОЈА ПОМИНУВАШ низ работите. Тогаш ќе те кудат, ќе ти се лутат, ќе викааат дека си себичен, а потајно во себе на Бог ќе му се молат еден ден да им даде да проживеат како тебе!
Горда сум на жената што стана денес.Ти си силна. Издржа се што животот ти донесе и го претвори во лекции. Некои битки беа тешки, но ти ги доби.Горда сум на тебе што стигна до овде. Толку си напреднала и си се променила, а тоа е само твоја заслуга.Твоето мислење е единственото што е важно. Туѓите зборови, критики и очекувања веќе не те допираат. Ти си свој водич и знаеш која е твојата вредност.
Драга, Доа. Немој да бидеш јас, биди ти, биди своја, единствена. Не ја давај својата љубов секаде, не верувај на сите... мене животот не ме галел баш ама не сум подклекнала. Единствено нешто што сега ми е важно да ги гледам моите деца среќни и задоволни, да ги гледам како стануваат добри луѓе и на тој начин да ми се исплати се што сум истрпела досега. Имаше една случка деновиве... сообраќајка во близина на нашата куќа, син ми си доаѓал од училиште, видел се и наместо да се исплаши како повеќето деца тој останал на местото, повикал помош од соседството и се јавил во брза помош... останал до крај. Тоа ме радува, тоа сакав да го видам. Цврсто дете, спремно да помогне. А каква храброст имам? Незнам, искрено... никогаш не сум се откажала од нешто што ми било важно. Биди таква, не се откажувај!
Само навикнисе, не перцепирај, не го ставај таму фокусот, и самото по себе кога најмалку очекуваш ќе го снема. Ќе уживаш повторно во тишината, во кафето ,во денот, во животот,
Уште колку ќе трпиш и ќе се измачуваш девојко? Уште колку непроспиени ноќи ќе поминеш? Уште колку солзи ќе пролееш? Уште колку кнедли заглавени во грлото ќе преголтнеш? Уште колку тахикардии ќе си дозволиш? Нели е доста веќе? Мислам дека одамна се измори. Мислам дека одамна требаше да престанеш да ја бараш среќата таму кадешто одамна ја изгуби. Не вреди. Џабе си ги трошиш годините ,џабе попушташ, џабе само прилики даваш а ти враќаат со тага .. Нели си ја научи лекцијата? Ајде собери ја таа храброст за која сонуваш 4 години веќе. Ајде осмели се. Направи го првиот чекор потоа ќе ти биде полесно. Нека не те плаши самотијата, подобро сама отколку секој ден со него, со стресови и непотребни препирања. Доволно те уништи девојко, не му дозволувај уште повеќе да те крши и обезвреднува. Вредиш и тоа многу, верувај. Те гушкам многу, знам тоа ти е најпотребно сега. И те молам послушај го внатрешниот глас кој ти шепоти 4 години. Само послушај го и ќе научиш како да дишеш со полни гради. Верувам во тебе малечка, после сиве тешкотии ќе дојдат подобри времиња, само потруди се малку ❤️
Не би си кажала ништо сега, но има работи што посакувам некој да му ги кажеше на малечкото сирото јас. - Ќе научиш да поставуваш граници... и тоа ќе ти го спаси животот. - Не ти треба дозвола за да бараш повеќе од себе. Ништо не паѓа од никаде магично и ништо не е ствар на среќа. - Не е срамота да носиш донирана облека и не е срамота да недогледуваш. - Кога ќе бидеш голема, ќе го утнеш патот и со уклучена навигација. Countless number of times. И тоа е океј. - Не мора веднаш се да знаеш, некои работи подобро да не ги знаеш. - Луѓето не се проекти. Не е твое да "реновираш" нечиј растурен свет. - Држи ја кичмата секогаш исправена, грбле едно. - Не мора веднаш да реагираш, никогаш, за ништо. Не е се што тоне твој брод. - Дисциплина и трпение отвараат врати што талент не може ни да ги допре. - Не се задолжувај никогаш кај душевни лихвари. Ако некогаш се најдеш во ситуација да умираш од жед, а "душевен лихвар" ти подава чаша вода... умри. (Реченицава е фигуративна и не се однесува на буквална жед и смрт).
Доста беше добра кон сите, само кон себе не, мислеше на сите само на себе не, имаше разбирање за сите само за себе не... доста е. Време е да бидеш добра кон себе, да имаш разбирање за себе, да мислиш на себе, зашто никој нема да мисли на тебе, досега никој не мислеше. Добро го знаеш тоа