Издржи!!! Имаш огромна поддршка, не си сама Пробај да бидеш пооптимистична, и да веруваш дека ќе има многу поубави прилики. Што е твое ќе си дојде, без гајле, нема да те одмине чим е за тебе
Со секој изминат ден стануваш свесна за твојата сила, истрајност и упорност. Секој нов ден е нова можност, нова шанса, нова енергија. I love you and I am proud of you!
Тоа е доказ дека живееше... и уште живееш, ќе има се... Секое чувство, секоја солза, насмевка, секој страв што не дозволи да управува со тебе, секој кажан збор е доказ дека живееше една што не можеше ништо да направи без да чувствува, дури и забранетото го чувствуваше и се избори со тоа. Сега ќе бидаш мирна со својот мир, зашто ти беше искрена... ќе бидеш мирна и најдобра. Најдобра во својата работа, тоа го правиш одлично срцка денес си доби и заслужено унапредување. Ќе бидеш најдобра за своите деца, ќе оставиш зад себе две ремек дела, имаш многу добри причини да бидеш сигурна во тоа. И знаеш што? Се правиш одлично, на свој начин... будалесто, искрено, со луда храброст ама мајсторски одлично. Само напред Мече мое
Смотана си ти! Тоа е проблемот кај тебе! Што да ти правам кога не ги разбираш тие работи бе!? Не ти влегуваат во глава, неможеш да ги обработиш, толку ти е капацитетот... значи смотана си... матуфа И што му се нафрли сега на лебот и мајонезот? Гледаш колку е сатот!? Ќе квичиш ноќеска... И доста се нервираш без потреба, без потреба скроз
Престани да им даваш важност на луѓе кои не заслужиле, престани да му даваш важност и на минатото... Било и поминало. Толку.
Одамна рамнодушноста ти се всели во срцето. Мислам дека се ближи крајот на секоја твоја тага, секое разочарување, секое подигрување... Добро, не баш секое, еве да кажеме повеќето. Ќе дојдат подобри денови, just believe in yourself, girl ..
Одииии, оди напрај го веќе конечно тоа што одамна требаше да биде направено ! Ќе се осеќаш како птица, толкава леснотија ќе почувствуваш. Ќе ти падне каменот што како товар го носиш Зошто не си храбра да го преземеш потребниот чекор? Од тебе зависи работава, само од тебе. Зошто толку се плашиш самата да си ја креираш сопствената среќа?
длабоко во себе е дете кое научи да биди силно и дека на крајот на денот си сам и мораш да се бориш..
Само пушти си музика на најако и цела вечер е пред тебе. Барем нема да треба сабајле да стануваш за на работа. Сам си крив што не си ја завршуваш работа на време.