„Уморен сум…“ не од работата, туку од тоа што секогаш морам да бидам силен. Никој не гледа колку тежи тишината што ја носам секој ден. Секој чекор го правам сам, со страв во градите и надеж во срцето. Понекогаш посакувам некој да забележи дека и јас се кршам, само не се распаѓам. Но продолжувам, затоа што ако јас не стојам цврсто, сè што сум изградил — ќе падне.
Своја и сигурна во себе. Таква да се сакаш себеси. Ти можеш да направиш многу нешта, а непријателите нека пукаат од мака.
Сакај се и верувај во себе.Секогаш кога е тешко и мислиш дека неможеш сети на сите тешки моменти кои мислеше дека немаш сила да ги пребродиш и дека е крај,а ги преброди и излезе посилна и помудра.Го можеш и ова,тешко е но ќе помине и ќе бидеш уште посилна.Секоја пад и секоја грешка е лекција во животот.После дожд секогаш доаѓа сонце.
Првиот ден од 2026та... вториот од одлуката оваа година да не одиш на инфузии за крвта. Ризично е тоа ама не оди, не беше начин и тоа... како дома ти стана таа соба во амбулантата кај матичнана, башка докторката те здебели со тие чоколатчиња што ти ги даваше како да си мало девојченце доста беше! Сега важно е да имаш дисциплина, значи планот за исхрана, пилатес, прошетка во природа, без стесови и она мало местенце каде што е таа убава црквичка што се нафати да ја чистиш, уредуваш оваа цела година... еј, таму ќе се преродиш! Само полека се ќе биде во ред
Кога меморијата е преполна со разни малециозни вируси посебно 1. Spyware (шпионски софтвер) Не постои ресет кој може да ти помогне се ти е безпотребно едноставно си мртов не функционираш
Годинава само задржи си го тој mamba mentality од 2025 и ќе поместиш планини. Сите предизвици што си ги зацрта на спортски план, сите да си ги оствариш.
Се чувствував осамено. Денес ми е предобро кога сум сама. Очигледно не секоја самотија е казна, некоja е лек.
Те изненадија овие солзи а? Не се изненадувај, ти секогаш сама велеше дека Крвта не е вода. Изгледа вистина не е, со денови осеќаш дека нешто се случува... Поплачи си, исфрли се што чувствуваш. Стрико ти ќе биде добро, се надевам... Ќе му помине, ќе имаш шанса да му кажеш дека веќе не си лута. И дека секогаш го сакаше само беше лута... за потезите што ги направи. Плачи вечерва, плачке една а утре кога ќе се раздени знаеш каде треба да одиш, не чекај ни ден за тоа, не оставај ништо недокажано Се ближи и тој јануари кога болката по тато е над прагот на издржливост и затоа си вака слаба на ова.... Кого лажеш ма... оди утре, само оди, не се премислувај
Некогаш потребно е самите на себе да си кажеме извини, што сме дозволиле да осетиме, болка, тага, депресија, анксиозност ,борба во ноќите со демоните во нас, за тони испуштени солзи, за стегање на душата, за сите неубави случки во животот..извини животе за болките кој ги претрпе..
Не ја чекај таа порака, знаеш дека нема да дојде. А и да дојде, што ќе смени?! Оди легни си не туку виси на телефон, направи нешто паметно за прв пат годинава...