Конечно ја исплати и последната рата за вилата на Хаваи и при тоа успеа да заштедиш милионче на сметка. Те гледам во огледало и се гордеам со тебе! Уживај, одмори се, излези, прошетај, почасти ги другарите и разбуди се за да не закасниш на работа.
Нели рече дека - да помине нова година нема да пиеш. Јас во моментов со 6-то пиво. Оти бе тиквар...оти!!!
Држи се до планот охрабри се и направи го првиот чекор.Немаш што да изгубиш можеш само да добиеш Ајде можеш ти!
Саканите не умираат. Тие само се преселуваат во приказни, спомени, пропуштени моменти... Во молитви. И можеби таму живеат... Посилни од кога било.
Истото. Во иста ситуација како пред три месеци. Покажа дека можеш и успеваш. Но, овојпат наместо до пола пат, одиме до крај!
Треба да престанеш да примаш насоки и сугестии, од луѓе кои што никогаш не биле онаму каде што си ти! Затоа што насоката има вредност, само од луѓе кои го поминале тој пат!
Не очекував дека си толкава вештерка, се што сакаш привлекуваш. Не можам да поверувам дека си мајка, луда мајка, но тоа сакаше да си. Доволно е што среќата ти трепка во очите, продолжи со привлекување.
и својата жена... не ја штитиш од другите.. Ја штитиш од себе и од своите постапки, никој нема да ја украде. Затоа што те сака.. Само ти сам можеш да ја избркаш од себе во прегратката на друг.