Ден 1 од 453-тата започната мисија ,,Совршено тело за лето", мораш да издржиш до крај сонце. Мораш и да вежбаш, да се стегнеш, само со слабеење ќе се стопиш, ќе го изгубиш задникот кој ти е најсилен адут покрај внатрешната убавина.
Прозбори. Преговори. Пушти го гласот. Доста им молчиш, аман веќе. Нели се измори секогаш да ги слушаш нивните жалби, незадоволства. Никогаш на никого нема да погодеш, верувај. Секогаш нешто ќе фале, секогаш нешто ќе смета... Додека ним сѐ им смета, те прашуваат ли дали тебе се ти е под конец? Не, нели? Диши, биди малку себична и мисли на себе, бидејќи нема кој друг да те мисле..
Требаше да го завршиш животот со време. Сега угоре високо удолу длабоко Да видиме до кога ќе се трпи ,,срединава"
Научи веќе еднаш да мислиш и на себе. Разгали се себеси, прави работи кои никогаш не си ги правела а си ги посакувала, насмевни се.. Животот е многу краток да го поминеш во незадоволство и нервоза...
Требаше да знаеш дека ќе е тешко. Не се сети, само се препушти... ах луда главо Ќе боли... ако си отиде ќе боли, како во пеколот
Се сеќаваш кога сонуваше, се плашеше каков пат ќе фатиш и каква иднина те чека? Имаш сѐ што си посакувала тогаш, па и повеќе. Дај си простор да дишеш сега.
Мислам дека наскоро ќе дојде крајот на сè тоа што те мачи. Како што ќе дојде и еден нов поубав почеток. Имај сила, издржи.
Ги заврши обврските, испиј го кафето, крени раце од се... и седни да учиш! Утре не одиш на гости не дозволувај да не положиш како минатиот петок! Немаш шанси да паѓаш на ни еден испит! Стегни се... на половина си од убавата приказна Не треба да се грижиш за се и за сите, погледни се малце себеси... со денови си тажна и нервозна а сепак насмеана, си збираш во себе... ќе избие тоа и пак ти ќе патиш.