Не си ти за сама во кола на отворен пат... Само кога си сама возиш како што возеше денес, кога има некој со тебе си поодговорна... Само вози според пропишаната брзина, денес претера... не притискај на педалата за гас колку што си тажна и нервозна
Пред окулу 6 години направив список на желби како сакам да живеам. Имаше 30тинан точки. Сега гледам сум остварил се освен една но и на таа има, некој прогрес.
Кога Господ сака си ги реди коцките, една врата се затвори, веднаш нова ми се отвори, за пребрзо време, ама ако само за убаво да е.
Добро, кога ќе сфатиш дека ти самиот себеси треба да си на прво место? До кога вака? До кога одговори ми?? Зошто ова си го допуштат себе си? Нели гледаш дека не бива вака, зарем уште не ја научи лекцијата од минатото, м? Или ќе направиш темелни промени и ќе ги одделиш некои работи пошто не идат заедно со другите работи или и понатаму ќе се измачуваш. Само ти продолжи вака и ќе завршиш убаво, а веќе имаш предупредувања дека не е ок вака..
Зошто мораше баш вчера да одиш за ск, кога делеле бесплатни табли јајца во маало? Уште една пропуштена шанса за нешто гага, пати сега!!
Не очекуваното од никого и никогаш нема да биди разочарана. Оваа реченица како точна се покажа многу пати досега,само мене никако да ми дојди умов.
„Молам Бога“ никогаш да не станам форумски идол. Тоа ќе значи: 1. Или претерано многу време сум останал овде. 2. Или многу луѓе се согласувале со мене. И од двете се наежувам.
Имаш толку многу работи во план, толку многу нови работи за учење, пре-добри курсеви на Udemy и Novist кои го чекаат својот ред. Имаш јазици за доусовршување - нешто што те исполнува до максимум. А ти си запнала со будали да се расправаш и да им докажеш нешто за што или немаат доволно IQ да го сфатат или пак намерно се прават луди и се трудат да те убедат во спротовното. Остај ги да останат и умрат глупи кога веќе така решиле а ти продолжи да правиш нешто од што ќе имаш бенефит, и за физичкото и за менталното здравје. И онака премногу време имаш залудно прокоцкано во животов еден и за живеење/уживање вреден.
Лапај муви. Ќе те преслушам на крајот од годината. Знаеш колку убаво ќе се чувствуваш ако си ги исполниш замислените цели. Знаеш колку ќе се разочараш од себе, ако не го направиш тоа. Ајде сонце, можеш ти. Да го тргнеме тој товар од рамена. Не можам да поднесам повеќе обврски, ќе ми се свитка грбот. Твоја желба беше, не те натера никој со сила. Еве јавно стои твоја објава, потпис, ветување. Во октомври чекам нова објава. Дека си ја завршила таа приказна, успешно! И дека си превземала чекор за остварување на последната голема желба од твојот живот.
Созреав во моментите кога: 1. Сфатив дека нема кој да е повозрасен од мене. 2. Почнав никого да не романтизирам, никого да снижувам. Успех е да знаеш до каде можеш да одиш со некого и за каква активност. 3. Откако успеав да не се споредувам со други. Секој има своја мерка. Животите се неспоредливи. 4. Кога сфатив дека никој нема да ме спаси. Тој може да ми помогне само со извесна мера и тоа само на свој начин. 5. Кога самиот станав модел за себеси и почнав да го мерам напредокот само преку тоа што сум бил некогаш. 6. Увидов дека нештата се многу покомплексни од тоа што кој било може да замисли. 7. Сфатив дека луѓето се оптоварени со своите проблеми и не мислат на мене. И кога мислат, го прават тоа низ своите замисли и претстави. 8. Кога увидов дека најважните нешта не се избор, изборот е она што останува по тие нешта што не сум ги избрал. 9. Кога дознав, на искуствено ниво, дека е најважно да научиш да се справиш со нештата кои не се одвивале така како што сум планирал. 10. Кога разбрав дека преосмислувањето и анализата треба да одат само до степен кога тоа е практично важно. Ако функционира за одреден проблем, не чепкај понатаму.