Кога паѓав во животот, паѓав сам, и кога станував и опоравував од сите болки во животот, исто бев сам, иако имаше луѓе околу мене, но душата ми беше празна.Едно сватив во животот, дали губел или добивал во животот, дали паѓал или успевам во животот, пак сам ке го правам тоа, затоа што едноставно животот е само мој, дали добар или лош, мој си е.
...8 години, јас сам против чашата. стои, еве ја гледам, точно пред мене. Не ме ни гледа в очи, а јас поглед не тргам од неа. И така со денови, години, секоја проклета ноќ до 3... до 5... сеедно. чаша за чаша, а не ни гледа во мене.... од цела куќа само јас, мачката и чашата будни....
Криво ми е некој луѓе што ги запознав во животот, грешки многу.Да можам да го вратам времето, деф некој луѓе не ми беа потребни во животот, него само штети и лаги, дно дна.
Како во лавиринт си. Изгубена. Не знаеш по кој пат да тргниш. Заробена си како во кафез. Сè те гуши, сакаш да си постојано сама без некој да ти дрнда над главата. Си велиш толку, веќе нема да е исто и пак ќе се најде некоја ситница што ќе ти ги замачка очите. Да не се плашеше толку можеби поубав живот ќе имаше, знаеш ли? А и што ти вреди тој страв кога ти веќе си била на дното, си ја видела темнината одамна, така да полошо од ова не може да биде.. Се што треба е само да ги избришеш тие двоумења од твојата глава, тие пресметувања и премерувања. Краток е животот, многу краток, зарем вака сакаш да го "потрошиш"?
Се зависи од тебе...биди силна и фокусирана каква што си и за неколку месеци ќе скокаш од радост. Знаеш и самата се'
Понекогаш си се чудам на себе си, од каде ја имаам оваа сила, од каде толкава сила да можам да носам све на грб,и колку и да бидам повреден, и колку пати и да паднам, јас пак ке станам и продолжам со насмевка да чекорам , иако во душата сум овенет, распарчен, гневен, со огромна болка во градите, но веројатно морам да продолжам со животот, затоа што друг избор не ни имам...
Незнам зашто дозволувам, луѓето да мислат дека сум толку глупав, како ништо да не сум видел и поминал во животот, но затоа што сум добар, сакам да угодам на секој оној, кој ми е битен во животот, за на крајот пак да го јадам ја, пак да патам со месеци, пак да паѓам во депресии, лоши мисли, ама тоа е, глуп човек останува глуп..