Таква те сакам. Кога не ги слушаш нив, а се слушаш себе. Кога се цениш себе, а нив ги тргаш од твојата сфера. Се знае дека местото на ѓубрето му е во кантата. Биди трпелива и слободно чекори си по твое. Ќе научат дека не треба да се задеваат со тебе.
Ете, виде.... Ништо не е страшно. Дури и супер помина. Благослов ти се, цела фамилија... Уживај во среќата драга
Научи да не простуваш, да си подрска со луѓето, да не бидеш секогаш добрата кога 99% од луѓето во твојот живот не ја заслужиле таа верзија од тебе
За сè си виновна ти. Ти им дозволи да ти го сјебат животот. Одамна не живееш туку само преживуваш. Одамна ти го нема сјајот во очите, туку место него умор и тага само. Ајде, не плаши се и пресечи веќе еднаш засекогаш. Мирот е веднаш зад аголот, ќе го пронајдеш, знам. Те гушкам. И ова ќе помине.
Колку убава вест, колку ја чекаше оваа свадба, да се развесели и таа куќа. Сега посвети се на себе, терај обврските, не се откажувај од ништо ама посвети се себеси максимално, мораш да бидеш присутна на таа свадба. Ќе бидеш присутна и ќе го облечеш нај убавиот фустан. Се ќе биде во ред