Во животот научив дека можам да добијам све, но и да изгубам многу повеќе од добиеното, во животот кога ке ги изгубите оние кој ве создале, станувате имуни на болка, и неможе повеќе ништо да ве сруши.
Гледаш ли? И твојот глас може да биде силен и да одекнува доволно во главите на другите за да се померуваат работите од место. Твојот глас сее страв и трепет, но не од злоба. Туку од потреба за правда. Долго ти требаше, но ете се научи како да се движиш напред. Трасирај си го патот по сопствените желби. Туѓите не се важни.
Наместо да си тажна и да си поставуваш милион прашања во главчето и да правиш разни сценарија ова сфати го како градење на нова ти. Нов начин на исхрана, нов живот... секако нема како поинаку. Надвор е сонце, си ја среди куќата сега можеш на воздух малце. Ова може да трае со години, со години ли ќе си тажна? Тоа не си ти, ти таква не беше.
Пак таа реченица? "Доа... треба да се направат дополнителни испитувања" кажано со тивок глас од докторката што те знае од дете... со светнати очи, жената буквално ќе се расплачеше. Ти па и од тоа направи шала... а срцето во петици. Ок, направи ги тие анализи, направи се што ти велат и издржи. Што сака нека е, издржи.
Напорни денови ме очекуваат, но сѐ ќе издржам за моето С....., само сѐ да биде во ред на крајот од денот
,,Оди полека, чекори сигурно и не троши зборови на нешта што не заслужуваат поглед. Ти си автор на сопствената приказна – направи ја ремек-дело.“
коктелче од дијагнози девојко... решение? Тешко... да експериментираат на тебе па што биде,биде... А да си пивниш јегерче? од 56 билки една може ќе фати... Седи мирна и онака ти се лоши од се! Држи се за новата исхрана и екпериментите од докториве, и уживај во секој сончев ден како да е последен... биди силна Си викам може ракија ќе помогне, не си се напила досега... размисли.
Само верувај му на своето тело, ќе се оправи, ќе видиш. И зрно надеж е доволно за да веруваш. Двата проблеми да се држат под контрола, третиот му треба повеќе време ама ќе се оправи. Само дисциплина а тоа го имаш, како војник си Значи, д и с ц и п л и н а! нема скршнување, нема иштаф ме фати, нема ама, нема уморна сум да готвам, нема! прво готвиш за себе па за другите, не е себичност! Мораш!
Не си должна никому да се извинуваш поради своите мислења на кои имаш право. Не си должна да го стишуваш твојот глас кога гледаш дека пронајде слобода да ечи далеку. Ечи за баланс и правда. Ти нема да бидеш таа која молчи, туку другите ќе научат да молчат и да те слушаат.
Сама си крива за сè! Сама! Помолчи уште малку, помолчи за на нив арно да им е, а тебе нека те глода црвот од внатре. Помолчи и нека мислат дека мачката јазикот ти го изела па во ред е така да се однесуваат. Помолчи и исполни им уш некоја желба попат. Помолчи и нервирај се оти очигледно умот не ти иде. Помолчи додека не те стигне сето тоа шо го молчиш, подголтнуваш, премижуваш, ама за жал ќе те стигне у многу лош облик. Молчи сега, а казната подоцна ќе ја платеш. Ама не вреде, проклето уопште не вреде! Не вреде, запомни веќе еднаш и не давај шанси таму каде што одамна се истрошени!