Тоа што го знаеш сега и ти се случува да го знаеше порано и да се случеше порано ќе знаеше како да ги поставиш на вистинското место бедните души. Виде дека пак им ги затна злобните и погани усти, значи можело и знаеле да останат занемени, бар за миг .
Издржи, нема како поинаку... време треба. И тренинзиве... не запирај кога не можеш, ти треба мускулна маса. Тешко е, тешки борби водиш со себе ама издржи!
...допрва претстои тежок период... Биди паметен и рационален. Потпри се на луѓето што знаеш дека ќе одат со тебе рамо до рамо по истиот пат. Ајде сега.
Само полека без брзање. Се ќе си дојди на место. Никој не одел по твојот пат и ти си имаш свој начин на справување со проблемите, и сите луѓе емоционално различно ги доживуваат и се справуваат. Ако ти се затвораш и плачеш, некој излегува и шета и обратно. . Ако после тоа ти сакаш да зборуваш со некој за одреден проблем, што е најпаметно ако не можеш да решиш сама, друг ќути, се потиснува во себе и има насмевка, а навечер плаче цела ноќ. Ама сепак, тоа што е во нас и на планина да заминиме, сеуште ќе тлее. И јас сум за зборување со свои луѓе и стручни лица. Проблемот не го кријај, на гла ќе ти излези.