Макарони со многу сиренце и кечап. Обично им ставам и шунка,кашкавал и печурки ама сега немав па помина и вака, скромно. Бев гладна.
Вечерва се надминав себе си Разбирам и ПМС и се, ама ми падна жал за желудников Еден саат после најадувањето со леб, кајмак и пршута отидов во арапски, и речиси три часа уста не затворив од џвакање се и сешто - фелафел, тебуле, фетуш, лепчиња, месо, компири, хумус, пропратено со чудна мешавина од чај и вино (во посебни чаши де)! И кога веќе мислев дека не можам ништо во уста да ставам, почна да се дебатира на тема - десерт! И не знам како се спомна топло-ладно во Пелистер, а по мојата реакција при спомнувањето на истото, кој би можел да ми каже не Е така. Уште дома да немав вага и огледало. Вагата вешто ќе ја избегнам, ама огледалото никако не можам Ај на здравје нека ми е. Џабе ќе биде да кажам крв да ми се стори - добро знам што ќе ми се стори
Мојата вечера беше такос чипс и најлепше жеље чоколадцето со млечно полнење... а што е најбитно пак сум гладна, и ќе си легнам така.. во исчекување на појадокот