Што ве мотивира?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од SV1911, 9 јануари 2014.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    48.149
    На сите ни треба мотивација. Некои луѓе успеваат сами да се мотивираат и да се посветат на тоа што го работат, некои пак со малку поддршка од околината, некои се мотивираат додека читаат некоја случка со среќен крај.. Темава ја отворам со цел меѓусебно да споделуваме вакви случки, мотивациони пораки, лични успеси се со цел да продолжиме да се трудиме понатака. Верувам дека дури и на најсилните и најиздржливите од нас некогаш им треба да прочитаат убав збор.

    Една од најјаките мотивациони пораки кои што ги имам прочитано, а ми оставила таков впечаток е цитат од Махатма Ганди. Поголемиот дел од вас го знаат најверојатно, но сметам дека вреди да се напише:

    „Биди промената која што сакаш да ја видиш во светот.“

    Мене лично ме мотивираат реални случки со среќен крај. Спасени животни од некој питомник. Денот ми се разубавува кога ќе прочитам такво нешто. Ме мотивира личен успех, на пример додека студирав, кога ќе добиев 10ка бев толку многу мотивирана да се покажам во уште подобро светло и наредната оценка да ми биде исто така 10ка!

    Многу работи ме мотивираат, но да не должам многу сега, ќе напишам друг пат. :)

    Пребарував и не најдов ваква тема. Има слична, но во категоријата Спорт и се однесува конкретно на тие што сакаат да спортуваат (Вашиот фитнес ден + мотивации се вика темата).
     
    На Aleksandar1212 и Purrinn им се допаѓа ова.
  2. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    39
    Моето мото: Живеј го денот како да ти е последен
     
    На SV1911 и angelche16 им се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Иднината, целите што ги имам и соништата што сакам да ги остварам :)
     
    На SV1911 и Wahnsinn им се допаѓа ова.
  4. wiyezci

    wiyezci Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Од се сакам да ја црпам мотивација! Од некои филмови,клипови,книги,слики,песни,се се се..Но најмногу ме мотивираат моите соништа и целите во мојот живот :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    111
    нема подобра мотивација од желбата за подобро утро. :)
     
    На SV1911, angelche16 и anichka94 им се допаѓа ова.
  6. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    47
    од иднината и од соништата кој сакам да ги остварам но инспирација и мотивација црпам и од песни филмови книги..
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Љубовта иднината кариерата семејството ме мотивираат да живеам, инаку што би ми бил животот :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    192.028
    Пол:
    Женски
    Има толку прекрасни мотивации низ животот општо како психички така и физички, впрочем најголемата мотивација ни е природата и нејзините убавини.

    Мотивацијата можеме секогаш да ја најдеме во природните добра..како зеленилата, цвеќињата, водите, планините, годишните времиња и месеците..
    Човек секогаш би исцрпил

    мотивација од природните дарби што ги имаме..нивното чуство е највозвишено и необично.
    Исто така низ секојдневието имаме милиони мотивации, а наше е дали ќе успееме да ги воочиме, дали ќе успееме да ги дофатиме..

    Добра книга, испиено кафе, изеден колач, одмор од се, предмети итн сите овие мали општи примери се поим за мотивација на човекот..
    Покрај тоа би кажала дека секое чуство, емоција, надеж, љубов ...сите овие прекрасни чуства се најбогатата мотивација за ситр нас.

    Креативноста кај човекот секогаш инспирира на мотивација за било што и било каде!
     
    На SV1911, Aleksandar1212 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    42.750
    Пол:
    Женски
    Ако добро ни работи центарот за љубов, тогаш добро ни работат сите други креативни центри :inlove:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    42.750
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, апсолутно. Се едно нешто што не прави задоволни во моментот. Во моментот да се чувствуваме исполнето , макар да е тоа нешто непоимливо за останатите.
     
    На SV1911, vitamina и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Мене ме мотивира иднината, моите планови и цели што сакам да ги остварам.
    Некаде длабоко во себе знам дека ме чека подобра иднина за едно 10-на години. :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    418
    Ме мотивира ,вербата во себе,ме мотивира што само јас знам како да стигнам до тоа што го посегнувам..ме мотивира дека уште малку иам да успехот до врвот... ме мотивираат спонтаните работи кои тек ми селдат во животот..ме мотивираат нештата во кои не верував порано..доволно ви е едно нешто да ви се случи за да имате тотален прсврт на работите.. и да сте среќни заради тоа.. верувајте во себе и во неочекуваните нешта ..најслатки се :)))
     
  13. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    ме мотивира довербата која ја имам секогаш во себе и со неа секогаш стигнувам далеку нема пречка која не сум ја поминала, ме мотивира исто така и подршката од другите
     
  14. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Мое мото: смеј се сега,плачи подоцна :)
     
  15. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    6.671
    Пол:
    Женски
    Мото: Јас саκам, јас можам до вρвот, до онаму κаде се гледам еден ден, по патот на упехот, до κој тешκо се стигнува, но сепаκ се стигнува!
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.882
    Пол:
    Женски
    Ме мотивираат некои личности од кои сакам да бидам подобра или личности кои се успешни па сакам да бидам како нив. Ме мотивира добар разговор. Мотивација ми се и некои песни.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Me motivira koga se gledam vo ogledalo, se sakam sebe i dobivam elan.
    Koga nekade go pokazhuvam svoeto znaenje/veshtini i kolku sum posposobna od ostanatite.
    Me motiviraat odredeni uspeshni lugje na koi se ogleduvam.
     
  18. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.573
    Пол:
    Машки
    Семејството поготово синот најголема мотивација за живот борба низ него, напредувања, стварања успешности, кариера
     
    На Tajnaotrovna, Dadusicka, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    64.230
    - Моите родители кои од ништо створиле нешто во нивниот живот и за мене. Со многу препреки и без ничија поддршка.
    - Баба ми која е сега на небото со нејзината добрина, широкоградост, истрајност. Со тоа што за сечија добра и лоша постапка имаше оправдување и не фаќаше замерка на никого. Сирак без мајка од 10тина години, простодушна селска жена, мојот херој и втора мајка.
    -Завидливи луѓе. Нивната завист и злоба насочена кон мене и моето семејтво ме тераат да се обидувам да го направам возможно и невозможното.
    -Познати личности, личности од минатото кои со своите дела и постапки направиле многу добра за луѓето ширум светот. Почнале од дното а се вивнале високо кон ѕвездите.
    -Мојата лична среќа, сатисфакција и денот кога здравје моите деца ќе се угледуваат и гордеат на мене и тоа што сум.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    42.750
    Пол:
    Женски
    Ме мотивира , туѓ успех , туѓо достигнување и насмевка. Овошје и секакви нијанси на бои, музика продорна, шаренило и Oprah Winfrey. Ме мотивира утринското какао, кое е како првата љубов... Со него само полека.
    Мајка ми, видеа од Abraham Hicks, моето здравје, мирот и целата душевна состојба. :f::f::f::f:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.