Isto i kaj mene,najmnogu sin mi mi dava motivacija deka vo zivotot treba da uspejam kolku mozam poveke samo za toj da ima podobar zivot.Ne za dzabe se reklo za decata i zelezni vrati se krsat..
Ме мотивираат неколку работи: - Моите родители. - Фактот дека животот е премногу превртлив, во пократки црти: Живеј го секој ден како последен. - Одредени успешни луѓе и книги. - Самата себе се мотивирам со фактот дека животот е прекраток за да не си ги ослободам потенцијалите скриени длабоко во мене.
Изворот на мотивација е во се околу нас и во нас. Секој ја пронаоѓа на различни места и во различни делови од секојдневието. Малите нешта се само искра во доживување на нешто поголемо и значајно. Плановите и целта кон успехот се еден од главните двигатели за мотивација. Мирисот на утриското кафе, новото парче облека во плакарот, подарената книга, погледот кон зајдисонце,боите на цвеќињата, будењето на новиот ден, измамените насмевки... Љубовта и кариерата се најголемиот потенцијал за исполнет живот.
Ме мотивира злобата на неколку личности, добив желба секој ден се повеќе да напредувам во животот, и психички и физички и работно..секако..Време е за промени...
за различни работи , различни нешта ... Воглавно малите нешта кои ми причинуваат задоволство и среќа во моментот ...
Во последен период немам некоја мотивација некаква,можеби така ми е тмурен периодов,ама има ситници кои ми влијаат да станам и да кажам: “Не ова веќе не оди вака”...Мајка ми е особено заслужна сега за тоа,ми дава подршка и ме смирува дека ќе биде океј.Ме мотивираат сончевите утра,некоја добра книга,кога го возам велосипедот и размислувам за тоа дека морам да успеам,и после сфаќам дека стварно сакам да успеам во животов.
Секој успех и напредок, без разлика колку и да е мал, кога е постигнат само со мој труд, само тогаш сфаќам дека всушност јас можам да стигнам таму кајшто сум замислила да стигнам. Исто така многу ми значи кога ќе добијам признание од релевантни личности, кога некој го забележува и цени резултатот од мојот труд и посветеност.