Желбата за успех и да бидам горд пред сè сам на себе, а потоа и другите да бидат горди на мене. Има и други нешта кои ме мотивираат, но да речеме дека ова ми е најголемата мотивација.
Ништо не може да ме измотивира толку колку разочарувањето. Сè што имам е резултат на многу разочарувања. Фала богу има амеби на секој чекор до мене, па они се заслужни.
Како личност која го допрела дното на патот кон остварување на зацртаните животни цели, тешко беше да се најде мотивација и инспирација како после тоа да се продолжи понатаму. Мотивација секогаш наоѓав во колегите кои се поуспешни од мене иако тие никогаш нема да дознаат колку голема мотивација ми биле да продолжам, секоја ден да бидам подобра и да се борам да ги остварам своите цели. Ме мотивирале рандум луѓе кои ми се појавиле во животот со своите животни приказни и совети. Често наоѓам мотвација, во мотивациони книги, цитати, говори. Најголема мотивација ми се моите цели и соништа, тоа што требаше да г постигнам а сеуште не сум, насмевката на лицата на моите најсакани кои ми се безрезервна поддршка секогаш.
Она што не може да се опише, конзумира, купи, експлотира, ископира, поефтини, извалка, избрише, и уништи... никогаш,... Што или го имаш, или го немаш... Е тоа.