Неможев да барам по форумот да видам дали има ваква тема, ако има иста или слична заклучете ја. Сакам да знам што Вас ве одржува во живот? Не мислам финансиски или друг вид на одржување, туку мислам на тоа што ви дава желба да живеете,што ве поттикнува на живот? За што/кого живеете? Уште еднаш морам да кажам:Се извинувам ако не ви се допаѓа темава или ако веќе има ваква тема - оваа нека оди во канта.
Спојлер Како и самата себе да не заборавам Meне ме одржува во живот... паа има многу личности но најважната е мојата сестраа....
Па постојано барам нешто што ке ме одржи во живот. Живеам од ден за ден.. никогаш не можиш да знаеш што те чека утре. Во последно.. вежбањето. Како дрога ми стана. Почнав од малку и секој ден зголемувам. Сега почнав и двапати дневно да вежбам. Ме ослободува од стрес.. а тоа е она што најмногу ме кочи во животот.
Утре ќе биде подобро Кога ќе потпаднам под некои црни мисли само вклучувам музика и кулирам.Музиката е дел од мене неможам без неа.Семејството е исто тука што знае секогаш да ме поткрепи.И уште нешто,во животот ме одржува организирањето на време.Знам како да го сторам тоа и за се да најдам време во краток период,инаку досега без тоа не знам каде ќе бев

па незнам мислам дека сум уште мала за да кажам ама мислам дека живеам да се забавувам,да се дружам и се такви работи..но овие работи се пролазни па сфатив дека во животот ме одржува СЕМЕЈСТВОТО! ТОА ГО ИМАШ ЕДНАШ И ТРЕБА ДА ТИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!♥
SAMATA JAS najsilnoto moe moto koe me odrzuva vo zivot...ziveam za sebe i za tie sto me sakaat...se drugo e nebitno
Првенствено: воздух, вода, и храна. И апчињата. Потоа утринското кафе, утрински разговор со мајка ми на телефон (ова кога не сум дома), и смеење.
Љубовта кон блиските. Големи дози смеа, ситници кои разубавуваат ден, со два збора - позитивната енергија.