Јас размислував да отворам тема Што е смислата на животот, но за да не оди случајно во канта, мислам дека може и овде да се надоврзам. Некогаш се прашувам што е смислата на животот, зошто живееме, која е целта, што е она што треба да го постигнеме, што треба да не прави среќни. Незнам, на пример ако љубовта не прави среќни, што кога таа љубов ќе исчезне или ќе излезе дека не е тоа тоа, или ако децата не прават среќни што кога тие ќе си заминат од родителите, или ако семејството не прави среќни што ако дојде до развод и не е веќе тоа среќно семејство, сите овие работи не треба да значат крај на животот, мора да има нешто друго што ќе му дава смисла. Дали треба да се врзуваме за конкретни работи за да бидеме среќни и што кога тие конкретни работи ќе исчезнат. И која е смислата толку да се бориме кога на крајот сите ќе умреме, порано или покасно. Денес толку многу во нешто вложуваш, се трудиш, се нервираш, тоа е толку многу важно за тебе а утреден едноставно умираш и те нема. Или погледнато од страна, гледаш како некој друг толку се вложува и се труди и потоа умира тој. Па дури и по неколку години кога ние ќе се нервираме за некои работи, ќе ни текне на тој што умрел ( а ни бил врсник) и си викаш тој не ни имаше шанса да се нервира за овие работи. Незнам може конфузно пишувам, ама и јас самата сум збунета. Ако некој ме разбра што ми се прашањата, нека пише размислување. Позз
Моментално само дишењето и стравот од смртта можеби... деновиве се ми оди напаку ништо не ми дава мотив за живеење.
Љубовта кон животот, кон мажотми, кон се она што ме опкружува и ме прави среќна.... Бидејки животот е еден и ни е подарок! Затоа треба да се трудиме новиот ден да ни биде поубав од претходниот...
Срцето Мојата позитивност и способноста во 6 сабајле насмеана да станам и да речам What a beautiful day. Мислата да успеам во тоа што сум го наумила и да покажам пред се на себе па на другите дека јас можам. Да им покажам на луѓето што ме скршиле дека можам подобро и насмеана и без нив. И во иднина изразот на лицето на оние на којшто во еден момент ќе им се вати кармата И идниот шамар кон единствената личност што ја мразам
Театарот.Уметноста.Литературата. Помислата дека се будам со нова можност да одиграм нешто,да прочитам,научам,помогнам....Сакам...