Во животов ме одржува желбата да успеам и станам успешна ..и на тој начин да им докажам на сите оние кои рекле дека нема да успеам знам ме чека долги години учење ама спремна сум на таа жртва!!
Моментално само подршката и силата кој ми ја дава дечко ми ... а баш би сакала да има и повеќе работи но еве засега само тоа и задоволна сум
Тоа што ме одржува во живот е мојата приципиелност. Секогаш длабоко и сериозно ги анализирам потезите што треба да ги преземам,а во тоа ми помага и интуицијата.До сега не ме изневерила.Негативниот ефект бил резултат на претходно претчувство,но со доза на резерва.Секој има подеми и падови,па од нив и учиме. Имам свој став и тешко дека би отстапила од тоа за нечиј интерес.На другите им пречи што не можат да ве имаат како парче пластелин во рака за да ве обликуваат според нивните потреби.
Најмногу се потпирам на мојот оптимизам, и упорност. Колку и да ми е нешто нереално, невозможно не се предавам. И на крај да испадне спротивното, барем знам дека се што е во мои раце сум направила, и ми е полесно.
Младоста..Самата помисла дека цел живот е пред мене(здравје само) ми дава сила со се да се изборам и се да пребродам и што повеќе да постигнам..
Во животот ме одржува тоа што сакам да успеам сакам да продолжам напред и да стигнам до врвот и на сите да им покажам дека можам и ке успеам на сите кои не верувааат ...Само успехот во училиштето и се постигнуваш...
Во живот ме одржува мојот оптимизам и помислата дека кога ќе бидам по стара ќе бидам успешна жена во секое поле.
Надежта дека ќе биде подобро, желбата за успех, позитивните мисли, поддршката од фамилијата и пријателите. А и музика. Да не заборавиме на тоа.
Па најпрво Бог тој е на првотот место во мојот живот тој ми дава сила надеж среќа,трпение,потоа моето семејство,синчето а највеќе од се љубовта на мојот живот т.е маж ми без кој не можам да дишам без него тој е мојата половина
Во живот ме одρжува семејството, нивната љубов κон мене, ме одρжува помислата деκа целиот живот е пρед мене, огρомно вρеме за остваρување на моите цели и надежта за подобρо утρе...