Внатрешниот мир и љубовта кон себе и кон се' што сакам. Едноставно уживам во се' што правам. А проблемите и нервозите се тука за да ме потсетат да не се опуштам многу.
Надежта за подобро утре и вербата во себе. Знам дека овој лош период ќе помине и знан дека следуваат подобри денови.
Моите домашни и мојот сакан. Буквално ме одржуваат во живот, се борат заедно со мене во тешките моменти и не можам да најдам начин за да им се заблагодарам за тоа. Се обидувам на секој начин да им угодам, за да им возвратам барем малку...
Nadezta deka tamu kade sto ke odam ke me ceka barem malku podobar zivot i podobri denovi... Gospod neka mi e na pomos
Позитивните луѓе кои ми го разубавуваат секој миг од животот и знаат како да ме насмеат, утринското кафе исто кое ми е непроценливо, мојата нетрпеливост која едвај чека да види какви изненадувања ми носи иднината.
Потребна сум му на моето семејство. Многу пати досега сум сакала да ме нема, ама ми доаѓале тие во глава, дека имаат потреба од мене и дека морам да се борам заради нив. Не дека го сакам тоа, но ете морам... А она што навистина ми прави задоволство во животот, тоа е, засега, љубовта. Само на тоа поле имам светлина во животов.