Мислам дека во секој од нас секој ден има доза на радост и тага.Во моето семејство генетски сме поврзани да бидеме секојдневно позитивно расположени. Тоа не крепи и не тера да одиме напред.Многу ретко човек може да ме види тажна,секогаш сум насмеана со ведар дух, смисол за хумор и забава. Но има моменти кога не можеш да бидеш господар на својте чуства и потклекнуваш на својата или нечиа тага, и стануваш дел од неа. Тажна ме прави губитокот на некој близок, тажна ме прави кога згаснува млад живот. Со еден збор смрта ме прави тажна, и во тој мик не можеш да се бориш со таа тага.