Баш за ова прегеска си размислував. Зошто другите понекогаш ми велат дека сум чудна. Чудна сум затоа што не сакам да ги правам истите работи што ги прават другите. Не сакам што сите тоа и јас. Не сакам кај сите таму и јас. Баш паметам кога бевме помали и сите ругарки се договараа за излегување на пример оваа вечер да носат сите панталпни. А јас напротив облекував фустан и слични вакви работи.
Чудна сум што нигде не излегувам Чудна сум што секогаш имам различни мислења од другите Ми викаат дека сум чудна заради тоа што сум ја предала мк и заради тоа што не било нормално да се има толкава омраза за неа и народот
Чудна сум затоа што слушам музика од '80 и '90(знам дека не сум единствена,ама...) Чудна сум затоа што не се палам на штикли,сукњи и air max патики -.- Чудна сум затоа што не пијам кока-кола. Чудна сум затоа што сум многу висока Чудна сум затоа што не гледам турски серии -.- Чудна сум затоа што не јадам сирење. Чудна сум затоа што сум женско и не носам розево И мн.други работи...
Чудна сум за околината бидејки се издвојувам од нив,секогаш сум поинаква, било да е за гардероба ,фризура,обувки.....кога и да сретнам некој близок секогаш сум весела макар што и да ја имам најголемата тага на светот ја споделувам со моето кученце, таа ги знае сите мои тајни,знае и да ме гушне кога плача.Не се замарам со никој,правам се што ќе посакам само да го доловам чуството на целосна исполнетост.
Да да...ти и уште сите пубертетлики во транзиција кои се издвојуваат од толпата,се поинакви,облекуваат фосфорни елеци по последна мода,плачат на дожд за да не им се гледаат солзите ( така беше тоа нели ?) Бунтовни се и си водат свој живот. И овде ми се присторува девојка од сликите на deviantart. Ај ќе се разбудите No hard feelings. Erm...ви ги читам чудниве навики и си велам- јас изгледа не сум чудна,можеби луда сум м? Ќе ми помине низ глава некој збор или нешто карактеристично ќе видам,и јас со показалецот од левата рака ( тој ми е така најспособен ) го цртам или пишувам во воздух,нормално,дискретно . Еднаш другарка ми ме примети и ми вика- што правиш со прстот? Јас мртва ладна- пишувам. И мисли дека имам тик,а може и имам штознам Да измислат нешто да се обојува воздухот додека така правам пресреќна ќе бидам.
Мојата слаба меморија и сконцентрираност Затоа се случува во средина на муабетот да заборавам што зборуваме, што сум сакала да кажам или ....
Прво се обрати на возрасна жена од 39 години, а не пубертетлика, али no hard feelings за твојата глупавост и потреба да изедеш гомна затоа што мислиш дека ти си попосебна. Дури и на форум ме ку*чат особи како тебе, пуни со комплекси, а во исто време мислат дека треба да покажат колку се пуни себе на некој си форум. Еве ти колаче, ти си најпосебна од сите на светот. Т.е. не колаче еве ти спрејче за прстот. БравоУ!
Не ми паѓа на памет да се правам паметна на место кое е наменето исклучиво за разменување мислења и искуства. Членот воопшто не го знаев и искрено не погледнав колку години има во моментот,од повозрасна гледна точка,да,во право си,помала сум од неа и некултурно е така да се обрати на постар,признавам. Но од каде знаеш пак ти дека јас не сум повозрасна од тебе,и не,не ставив датум на раѓање откако се зачленив ,да не дојде до забуна дека сум го скрила кога ќе го прочиташ ова, тогаш ќе си дадеше за право вака да ми одговориш? И ете сме пак. Мислењето во моментот ми се причини премногу...незрело и нереално,онака како што би размислувала мојата помала братучедка. Да,ќе се дрзнам да речам незрело и emo-ционално според мене,со целата почит кон годините и животот на форумџиката,секој со своето бреме нели,и сите постари од мене,не велам дека форумџиката е во сите погледи таква,не сакам некој да се најде навреден,далеку од тоа.
Шо не одам по дискотеки не се шминкам се шо иам на душа и се шо мислам за тебе си кажувам читам психологија во слободно време не зборам за мојата врска со никој,се во врска со него чувам во себе многу ретко пијам алкохол,не пушам,не пијам кафе не озборувам,ниту ги сакам озборувачите
Lunaria се е до духот на личноста се изнасмеав што си напишала,меѓутоа ова е форум и секој си кажува засебе кога би ме запознала тогаш не би го напишала ова....поздрав
Mе прави чудна: ~шо ја у Pадовиш си зворам Cкопски..ии сум чудна во очите на луѓето.. ~не пијам кафе..не ми е убаво и точка.. ~не се шминкам (природно си е природно) ~се лакирам еднаш во годината ..тоа е
Чудно се облекувам Мислам од коментарите на други кажувам.. Еднаш за во парк една другарка ме праша дали ќе се замонашувам зашто облеката на калуѓерска ми личела . Секогаш облечена сум во долги фустани и здолништа а поретко фармерки . Кратки миничи нема во мојот орман. Сестра ми мисли дека сум клошар ( ако се смета за чудн) бидејќи се облекувам како што кажав, косата ми е бушава, фатена секогаш, имам милион прстени на рацете ( секој прст со своја причина) . И некогаш во зборењето сум била чудна бидејќи еднаш и кажав дека знам повеќе работи од неа ама несмеам да и ги кажам :geek: Она незнае ама ја тролав Сепак јас сум само обична девојка во необична приказна
Чудна ме прави тоа што се смејам на хорори...И што слушам музика секаде Некако сите ме гледаат како да сум од друга планета Исто со моливот пишувам цврсто,и го потпорам на тртиот прст А да,мразам дожд и влажност