Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ве прави чудни?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Belen, 23 јули 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Се чудам како досега не сум ја нашла темава.. :lol:
    Инаку, од каде ли да почнам? :?:
    А да, чудна сум бидејки речиси во се сум поинаква за разлика од другите. Општеството ме гледа буквално како да сум падната од друга планета, а честопати и јас се чувствувам на истиот начин. Не знам зошто, несакам ниту јас да е така понекогаш, ама тоа е. Со тек на време се прифатив себе си, кога веќе не најдов начин за да се променам.

    Не сум лицемерна. Длабоко во себе сум злобна.
    Сакам да живеам во 16-ти век, бидејки сметам дека таму многу подобро би се снашла отколку сега.
    Зборувам поинаку, најчесто литературно и културно. ,,Серизона сум'' бар така ме дефинираат пријателите. Бидејки во еден момент зборувам за важни теми, а истовремено се однесувам како зрела и возрасна жена и покрај моите 17 години, а во другиот момент ,,откачувам'' и се однесувам буквално како 3-годишно дете.
    Чудна сум по тоа што луѓето мислат дека животот го сфаќам премногу сериозно, а тоа не е вистина бидејки кога времето ми е исполнето ДЕНЕС јас не мислам на утре. :$
    Чудна сум по тоа што имам отворени сфаќања и не ѓи дискриминирам луѓето.
    Чудна сум по тоа што мразам да озборувам за разлика од повеќето, и се обидувам да не го правам тоа воопшто.
    Не го гледам Величествениот и останатите турско-индиски жалопојки :lol:
    Сакам да се дружам или со помлади или со постари од мене, а со овие што се иста генерација со мене воопшто не се пронаоѓам. :?:
    Зависна сум од храна, пеење, сонувам за кариера, но изгледа дека тоа ќе остане само сон...
    Поет сум и работите ѓи гледам од поинаква перспектива.
    Се ,,палам'' исклучиво на геј мажи. Не ѓи сфаќам лезбејките... :D Доволно е.
     
    На lokumche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Имам поразлични размислувања од повеќето луѓе што ги знам и често знаат да ме погледнат како да сум некој изрод. :^)
    Поинаков стил, гледам облеката што ја носам да биде поуникатна, да се чувствувам удобно, не гледам што е во мода бидејќи не сакам да бидам униформирана пошто цел град речиси исто се облекува. |(
    Пијам многу какао. Јадам многу. Често залетувам со мислите. Сакам книги, без книга и какао сум како побудалена. Сакам уметност.
    Имам поразлични соништа. Сакам поразлични нешта од луѓето околу мене. Поинаква музика.
    Тоа што не зборувам многу, во друштво најчесто ќутам. Имам чудна смисла за хумор(сестра ми и една другарка ме разбираат), само пред нив можам да се глупирам така како што сакам.
    Сакам стомачен танц и метал во исто време.
    Не сакам да оговарам и да трачарам кога ќе отидам на кафе и само да гледам кој што облекол. |(
    Мојот поим за забава е поразличен. Мојот поим за среќа е поразличен.
    Имам по отворени, либерални сфаќања.
    Сакам уникатност и многу се радувам кога ќе видам нешто поразлично од сите. :)
    Во душата сум дете, и често знам да се однесувам така, и вечно би сакала да зачувам дел од тоа дете во мене. Не сакам да пораснам. Имам ненормално бујна фантазија. Сакам виолетова и портокалова коса. Сакам мали гради и обично ме гледаат чудно бидејќи ми биле баш убави големи. :tmi:
    Многу размислувам, како некоја девица сум иако сум рак. |(
    Се дружам со одредена група на луѓе, неможам со сите.
    Исто како Валерин, не сум баш во најдобри односи со мојата генерација. Мал е бројот на луѓе што можам да ги поднесам. Тие што ги можам не оговараат, чудаци се како мене, имаме некои цели во животот и поразлични ставови од околината. Тие што не ги можам, превише се замараат. Завидливи се, прости.
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Тоа што имам коса до колена </3
     
  4. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Чуден сум затоа што никогаш не ме боли г'з за тоа што правел овај или онај.
    Чуден сум затоа што сите мои другари кои се сметаат за вистински "мажи" се тепаат, ги изневеруваат своите девојки, пијаат како "сунгери" како до тогаш да не виделе алкохол, а јас не.
    Чуден сум затоа што сите машки сонуваат и возат нови и спортски возила, а јас сонувам за олдтајмери и си возам еден.
    Чуден сум затоа што знаам да бидам секогаш искрен и да дадам добар совет.
    Чуден сум затоа што никогаш на никого не сум забодил нож во грб.
    Чуден сум затоа што го сум премногу груб кон личности кои не заслужуваат ни едно здраво да му кажеш.
    Чуден сум затоа што работам било каква работа без срам само да си имам мој буџет и да не бидам товар на родител.
    Чуден сум затоа што си живеам животот на мој начин, а не како некој што посакува.
     
    На LittlePinky, Xepp, Ilusionist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Така е,и да се надоврзам со тебе,во денешно е чудно да си нормален дечко,и не само тоа туку некои девојки се убедени дека непостојат такви,и те прават дека глумиш.
     
    На LittlePinky и Marjan007 им се допаѓа ова.
  6. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Чудна сум им зашто имам викана и многу густа коса и кога ќе одам сите ме гледаат и тоа највеќе ме нервира. |(
     
  7. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Чудна сум им на девојчињата од одделение зошто не сум ја пеглала косата(убаво ми стоела испеглана).Не ја пеглам зошто така само ќе си ја уништам косата,а после неколку години пеглање косата ќе ми изгледа како метла!На другарки од маало сум им чудна зошто не се карам со моите ако не ми дадат да излезам,односно зошто не ги молам за излегување,ова-она..Не се карам зошто ја прифаќам нивната одлука и знам дека колку повеќе пробувам да ги убедам ќе стане полоша ситуацијата.И на крај зошто не сум носела штикли за полуматура.Зошто морам да носам?Нивниот одговор им беше:Па сите ќе носат само ти нема. :^)
     
  8. Lea.88

    Lea.88 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    И јас немам. ;)
    Имав до пред некое време,но го откачив.Ми здосади. |(
    Инаку по цел ден дремев на FB. :)
     
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ме прави чудна тоа што не зорувам многу ако не ми се подогодат луѓетоо околу мене букваллно можам да молчам со саати :^)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Чудна сум затоа што не носам сандалки,јадранки(освен за на плажа) бидејќи имам проблеми со ноктите и не планирам да им објаснувам на другите |(
     
  11. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Чудна сум затоа што кога јадам киви ги сечам со нож на половина и после ја јадам од внатре со лажичка. Чудна сум затоа што цел ден го поминувам во пижами, дури и до продавница идам по пижами.
    Чудна сум затоа што ме иритира коа ќе ги пипнам праските( ме ежи ).
     
  12. Malena85

    Malena85 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    32
    Чудна сум затоа што сум опседната со хигиена пред сее со лична.Знам да приметам и најситни детали на нехигиена од луѓето околу мене и да ми стане непријатно и гадливо.Истото се однесува и за домови и најразлични простории :(
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Чудна сум затоа што верувам во вонземјани :D Верувам во негативна енергија, во необјасливи ситуации, не се знае кога ќе кажам некоја глупост, си зборувам сама со себе, прво кога ќе се запознаам со некој сум срамежлива, а после ако ми се свиѓа по карактер, сум целата своја и опуштена, не знам да возам велосипед, а имам возено автомобил, по некој мои „теории“, сакам да превземам ризици, знам да бидам поинаква од другите, скоро секогаш имам различно мислење затоа што секогаш се трудам да гледам од различна перспективна точка од другите, имам прилично долга коса и сакам бокс, мечување, трка со коли и мотори 8) :D
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Чуднам сум затоа што се нешто ми се причинува или тропа..ИЛИ ЛУДА СУМ ? :rofl:
     
  15. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Чудна сум затоа што сум една голема педантерија, која доколку 100 пати не си ги измие рацете во денот не може да функционира.
    :^)
     
  16. TheItGirl

    TheItGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Доколку почнам со фактите кои ме прават чудна, би можела да напишам еден роман. Но, сега малку скратената верзија.

    Чудна сум затоа што се разбирам и интересирам во поразлични теми од моите врсници, односно во врска со медицината, географијата, музика, филмови.
    Чудна сум бидејќи не излегувам секоја вечер. Едноставно, не го разбирам тоа секојдневно излегување навечер.
    Чудна сум затоа што сум опседната со Disney цртаните, и општо со анимираните цртани. Мене тие ми се многу интересни, а воедно има нешто квалитетно да слушнеш и да гледаш.
    Чудна сум бидејќи на Instagram имам повеќе од 400 слики, кои се храна, пијалоци, погледи, места, животни. Во таа збирка имам само 30 мои слики. :lol:
    Чудна сум бидејќи се разбирам повеќе во мода, бидејќи ги следам сите настани од модната индустрија, и без сомнение ги знам сите современи дизајнери.
    Чудна сум затоа што имам веќе една година температура, која постојано варира.
    Чудна сум бидејќи имам поголема висина со оглед на возраста, а премала тежина со споредба со висината.
    Чудна сум затоа што би дала 6.000 денари за патики, или пак за јакна, без да ми е грижа, и да знам што носам.
    Чудна сум затоа што постојано донирам, за разлика од моите врсници.

    Yeah, I'm a weirdo. 8)
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мојата чудност и лудост(не мислам на душевна болест) ме прават чудна. Чудна сум затоа што имам чуден начин на размислување( според просечните луѓе ), затоа што тренирам кошарка (а не одбојка), затоа што мразам „штикли“ со платформи, затоа што немам фејсбук(навистина), затоа што не ми пречи да ме нарекуваат чудна и затоа што не се обидувам да бидам нормална.
     
  18. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Пред да го испијам кафето секогаш прво сакам да го изедам благото(ако има) :D
     
  19. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    Iskustvoto e toa sto ne pravi cudni so samoto iskustvo gradime svakanje i pogledi !
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Можеби тоа што верувам дека имам OCD, малку ми го отежнува животот, ама се гура некако.