чудна сум затоа што не сакам да гледам нови филмови. ретко кога ќе изгледам некој филм по прв пат (во последно време, се разбира). сакам да знам што ќе се случи. чудна сум си јас...
Чудна сум, затоа што... кога ќе умре некое куче на некој филм - јас океани од солзи правам, а кога ќе умре човек на филм - никому ништо. Чудна сум затоа што... не користам многу фејсбук, еднаш во месец ќе се уклучам и тоа ми е. Чудна сум затоа што... неможам да потемнам, туку горам.
Чудна сум кога ќе пеам полошо од рикањето на магарето,во друштво кога сум awkward... тоест кога сум екстра happy mood
Спојлер Истата јас, ама јас потемнувам Чудна сум затоа што претарано сакам фудбал ептен сум внесена. Чудна сум затоа што брзо ми се менува расположение и правам некои гримаси кога сум лута и на сите им е смешно тоа. Чудна сум затоа што кога ќе изгубат Баерн ако излезам надвор се двојам од сите и ќутам,ни збор не прозборувам а ми иде да врискам . Чудна сум затоа што имам мала егзема на раката, и понекогаш кога ми е црвено местото сите ме гледаат . Чудна сум затоа што секогаш најбрзо и најмногу јадам а не се здебелувам. Чудна сум затоа што дефинитивно не сакам штикли. Чудна сум затоа што не сакам да излагам на места каде што има многу луѓе. Друго не ми текнува во моментов.
Затоа што со мачката се однесувам како со човек. Такво третирање од мене не добиваат некои луѓе, ама мачката царица ми е. Со неа си зборувам, споделувам маките, ја прашувам што сака кога ми мјаука. Еве на пример кога сум во веце и се туширам, а таа ми стои на прозорот и ми бара да и го отворам со тоа што мјаука, јас излегувам од веце со бањарка и шампон на косата и и отварам да излезе и и кажувам да мјаука посилно зошто не сум можела да ја слушнам од водата. Некогаш кога легнува до мојот плакар, а јас треба да вратам некое парче - го оставам на кревет само за да не ја будам и за да не ја вознемирувам Госпоѓицата Лили. Е сега, сум и кажала дека за се можам да и прогледам низ прсти, ама само ако ми легне на креветот во спална, тогаш следува директно бркање низ врата и по еден удар со крпата. Што да правам душа не ми дава да ја истепам убаво, неколку пати била на границата помеѓу животот и смрта и знам дека не би можела без неа.
Чудна сум затоа што не јадам ајвар,печени пиперки и сл. И чудна сум кога сум ташна или не зборувам бидејки обично уста не затварам и цело време се кезам
Чудна сум затоа што не преферирам гужви. Чудна сум им на сите што ги оставив цигарите. Чудна сум што не јадам печурки. Чудна сум затоа што се нервирам за ситница. Чудна сум затоа што неможам да сакам повеќе.
Името ми е чудно мислам имам многуу ретко име Имам многу чудна боја на очите (ама си ги сакам најмногу) чудна сум поради некои необични работи кои ги сакам чудна сум затоа што се смеам на се чудна сум затоа што мноооогу ретко пијам кока кола чудна сум затоа што јадам многу необични јадења и кобинирам
луѓето понекогаш може да си помислат дека сум чудна затоа што не пијам алкохол-имам пробано само вино,пиво и ракија и цревава ќе си ги откорнев грозни колку беа....кафе не сакам баш-баш(а како мала на тато половина филџан ќе му го испиев и ќе си останеше без кафе сиротиот,само кафе ми се пиеше),грдо ми е кога гледам во нечии стапала(кога не носат чорапи xD),кога ме гледаат во лице додека јадам-незнам зошто,но не ми е пријатно,несакам да одам на журки по кафичите,несакам да носам чанта со куси прерамки-строго за преку рамо со долга прерамка,често купувам црни работи-најсигурна си ми е црната боја,страв ми е од стоматолози,инфузии,инјекции,опседната сум со мачиња хаха...друго не ми текнува,ама доволно е,што реферат ќе беше оваа...хаха
Чудна сум затоа што : не сакам да гледам филмови, не јадам кашкавал и сирење ( но не и пита со сирење и бурек ), затоа што ме нервираат гужви, дискотеки..
хм..па вака сега: 1.мразам дискотеки,кафичи такви работи,то ест ноќни излегувања 2.некогаш зборам вери вери мач,а некогаш и гласно 3.понекогаш слушам и класика 4.не јадам сирење,домати така нешто 5.обожавам историја и премногу читам книги,енциклопедии или документарци од таа област 6.понекогаш и литературно си зборам 7.хоме алоне-караоке запали град! 8.пишувам одма кога ќе ми дадат тема или сама инспирација од нешто...писателка невидена 9.бисери трескам повеќе од потребното арна сум де... лајк а фрик
1.нешто кое многу го очекувам и на крајот кога го имам, не ме радува 2.само едно нешто ме прави `многуу среќна, а неможам да го имам. 3.не сакам кога некое машко ми вика...ај на кафе.. 4.чудна сум во тоа што се лутам многу на луѓе што не ценат што сум направила, а не треба да им го давам тоа задоволство. 5.тоа што морам да се скарам со сестра ми секој ден 6.ии не ми текнува друго
Чудна сум бидејќи често кажувам „филозофски“ мисли. Чудна сум бидејќи некогаш знам да направам нешто спротивно од сите други. Чудна сум бидејќи секогаш сум тоа што сум.
1.Сакам да јадам бурек со урда,но урдата ја туркам потоа . 2.Имам голем праг на толеранција,но најчесто се нервирам за ситници... 3.Кога станува збор за прифаќање комплименти,прво коментирам нешто без врска и потоа се заблагодарувам .
Офф топик Од кога за чудно се смета да сакаш да читаш , да се едуцираш од било какви писмени и електронски извори или па повеке да сакаш да читаш отколку да излегуваш ? Ја разлистав темава и повеке видов чудни работи кои луѓето ги сметаат за "чудни" , дури и почудни одошто навистина (не) се ...
Чудна сум поради тоа што: -не сум љубопитна и не ме интересираат трач-разговори; -не се смеам за ситуации кои на другите им се смешни; -не сум емотивна;
Мојата молчаливост можеби...иии тоа што постојано се смеам за се и сешто, дури и кога сите околу мене се нервозни и лути. Тогаш ми е најслатко