Поради тоа што сум изродот во друштвото, правам се обратно од сите останати, размислувам поинаку. Понекогаш живеам во мој свет и не се интересирам за околината. Поради тоа што јадам сладолед во зима, а пијам чај во лето... Веројатно поради малите нешта кои изгледаат многу големи.
Па веројатно тоа што си тропнувам што сакам без да размислувам и потоа не ми е гајле кој ке ми се смее Ме нервира и најситен детал,кога сум оставила нешто на едно место и некој го размести и јас викам и го враќам каде што си било Додека учам телевизорот мора да биде вклучен и се да биде нормално,инаку неможам да се сконцентрирам на учењето Кога ке ме фати настинка,тоа трае најмалку 2 месеца I'm weird,i know!
Чудна ме прави тоа што секогаш сум позитивна,можам да се смеам на се, па колку и да ми е тешко,затоа што секогаш имам насмевка во лицето
Ја разлистав темава и видов дека 90% од работите кои се набројани се всушност нормални, ама eте сите имаат желба да бидат уникатни Читање книги и немањето желба за излегувања во дискотеки е чудно?Јеа рајт.... Јас, јас сум сосем обична личност без чудни карактеристики, само со свои размислувања и ставови што е сосем нормално.
1.Тоа што воопшто не излегувам по дискотеки, подобро би останала дома и би гледала некој филм или серија 2.Тоа што носам црна облека во лето иако умирам од жешко.. 3.Најчесто за околината е чуден мај тејст ин мјузик, и коа ќе сфатат дека слушам метал го менуваат мислењето за мене :/ 4.Тоа што сум многу молчелива особа
Место да почнам да набројувам зошто сум чудна, ќе ви кажам дека ниедна од тие работи кои би ги набројала мене воопшто не ми се чудни, а сум мислела така до пред некое време зошто истото ми било наметното од тие околу мене. На крајот на денот, ако некоја ваша постапка или рутина лично на вас ви доаѓа природно и нормално, тогаш во никој случај нема ништо чудно во тоа. Сепак, он топик, чудна сум зошто идам до маалски дуќан по апостолки и чорапки со прстиња од мај до октомври, стандарт.
1. Кога погледнувам нова чоколада во продавница, мора да ја купам, безразлика на цената. 2. Истата ја јадам за неверојатно долг период, бидејќи сакам да уживам. 3. Ако дома има благо, а не знам каде е, секоја фиока ја пребарувам детално и скришум го јадам. 4. Секогаш кога морам да јадам чоколадо пред некој, се чувствувам ужасно бидејќи мора да го делам. 5. Се ослободив од сите 237 постери кои беа излепени по собата, освен од постерот на Марио Касас.
Учам со песна. Секогаш сум болна во лето и тоа во најтоплиот месец,јули.Како вселената да има заговор скорено за мене. Ретко употребувам псовка,но кога ќе ја употребам сите се како паднати од Марс со фаците. Сакам да гледам цртан филм. Кога имам важен датум,се облекувам и средувам како да немам што да облечам. Што во 12 часот се поздравувам со добро утро,а негде околу 21h се поздравувам со здраво. Ги има многу на хартију,ама не се сеќаву с`дк
вау ама сте сите чудни .... нот , као скоро се што е набројано тука 90 % од населението секојдневно и го прави ...
тоа што не пијам кафе што не сум како сите на моја возраст бесни и прават се и сешто туку мирна и повлечена што се смеам на се и сешто
Самиот мој карактер ми е чуден, барем за другите, ама ај барем некоја работа да кажам, чудна пошо тешко се вклопувам во женско друштво, отколку во машко друштво, затоа што женските праат муабет за кој не ме интересира, и ред др. работи.
Во група од 10 девојки, или колку и да се не е битна бројката, јас ќе бидам таа без шминка, без некоја стилска комбинација каде внимателно е одбирано што да се облече, која боја да се комбинира, јас ќе бидам таа без ташна и штикли, девојката во фармерки, старки и обична блуза. И некоја чудна боја на коса или фризура Јас сум таа која на прашањето дали сака кафе одговара НЕ. Имам ептен јаки нерви. Додека некој се мава со глава од ѕид ми се чуди како јас останувам мирна. Сакам да комбинирам благо и солено. Сакам кога нешто ме боли Не сакам да се разголувам премногу дури ни во лето.
На моменти сум премногу избувлива, не трпам неправда дали на мене или на некој друг едноставно не трпам.
Чудна ме прави тоа што стварно сум чудна понекојпат...повеќе другите знаат зошто понекојпат сум им чудна...а, и тие ми се чудни мене понекогаш...
моето смеење слично како вервер кога грицка моето молчење така длабоко ептен тоа што не излегувам по дискотеки и повеќе преферирам по кино,театар,трчање во парк,прошетки по природа што мои врсници ако му споменам одма велат не тоа што се скарав со мене(а то е најлошо да се скараш со самиот себе оти губиш,а со ова ме мислат дека патот мене ми е за демир хисар) тоа што сум мини мизантроп,па сакам многу луѓе,арно ама со некои сум на дистанца,и велам дека не може денес да се каже зборот човек оти ќе се валка зборот така тоа што едно мало мирно чоече како мене оди по обложувалници и на машките му е чудно оти поќе од нив одам често си зборам со мене често пеам и денцам,некогаш без да забележам ќе влезат кај мене в соба и едноставно кога ќе се свртам се крстат или маваат главата в ѕид мафтам на лепотани...е ова е чиста вистина...не знам шо правам кога ќе видам лепотан доста набројувам па
Многу јадам никако да се здебелам а ако неколку денови со ред не вечерам веднаш ќе симнам некое кило Стрина ми ја викам Тетка Стрина Опседната со чистота дури и пред да јадам приборот го мијам Најгрозно ми е кога некој ќе изџвака мастика и ќе ја стави на тањир Секој на свој начин е чуден ....