Ne sum tolku chudna kolku shto im se chini na ostanatite, bash naprotiv, jas sum taa normalnata a oni ne se, ali ok, neka im bide deka sum chudna. Imam poinakva vizija, poinakvi zhelbi i poinakvi stremezhi od mnozinstvoto. Razmisluvam na svoj nachin. Ne sakam da se mesham so rajata, ne sakam da se druzham i da se dvizham megju obichni, prosechni lugjenca. Ne sakam da poseduvam neshta shto site gi poseduvaat - ona shto go imam, mora da bide originalno ili retko. Svoeglava sum, ne trpam da mi se nametnuvaat kako avtoriteti lugje shto nemaat kapacitet za toa. Kako pominuva vremeto, uspevam se povekje raboti vo mojot zhivot da drzham pod kontrola i da gi prilagoduvam po moe bez da slusham nikogo, pa na ostanatite im deluva chudno. Fizichki lesno pagjam vo ochi i vednash me pametat, shto ne e karakteristika na mnogumina da bidat voochlivi. Porano me nervirashe toa, denes sfativ deka mozham da go iskoristam kako prednost.
Чудна сум по тоа што во една минута можам да ти изнакажам 1000000000 зборови,зборувам многу брзо и често ми викаат поради тоа. Имам и некои други чудни навики,ама тоа не е за да го пишувам овде.
Често за што ми се дофрлало дека сум била чудна, ете прво ќе зборувам за средно, било тоа што во глобала, ги игнорирав сите од класот и читав Хари Потер на телефон. Конкретно, за делот со Хари Потер бев чудна зошто никој од мојот клас не ни посегнал ни по книгите ни по филмовите па често дури и се шегуваа на сметка на тоа со мене. Уште повеќе бев чудна зошто кога се зборуваше нешто знаев да им кажувам како навистина одат тие работи, па нели, како на дете кога ќе му кажиш дека месечината не оди по него кога тоа се движи - се разочарува. На факултет, уште првиот ден ми беше доделена титулата „несфатена“, во придружба на уште неколку. Оваа титула не ја добив воопшто на база на карактер, зошто сеуште немав многу шанси да кажам ништо, ама чисто на база на изглед. *хореј* Надвор од ова, кога сум со моите пријатели, често ми замеруваат за тоа што моето расположение е многу променливо. Можам сега да мелам да зборам и по кратко да ќутам и да неќам да зборам и да ги избегнувам сите и пак по кратко да се опуштам и да зборам. За тоа ми имаат речено „Ама чудна си ти со ова однесувањето твое!“. Во поглед на работите што ги сакам, никој не ми вели дека сум чудна, само за работите кои ги неќам. Обично во моето опкружување имам луѓе со кои сум слична, со кои сакаме исти работи, но неќиме различни па обично ако мене не ми се допаѓа нешто шо нив им се допаѓа - сум маркирана како чудна. *не сфаќам зошто*
Чудна ме прави тоа што се дружам само со тие што ги сакам. Чудна ме прави тоа што ништо на сила кај мене неможеш да постигнеш. Чудна ме прави тоа што неможе да ме испровоцира или извади од такт секој Немам променливо расположение, константа држам и тоа го сметам за чудно (т.е. другите го сметаат за чудно)
Дефинитивно сум чудна затоа што постојано ме измачуваат фикс идеи т.е теории за животот,светот,универзумот,смртта...еве на пример имам теорија дека ние хуманоидите сме експерименти на некоја поголема интелегенција за да виде колку време ќе биде потребно да дојдеме од степенот на самосоздавање до степенот на самоуништување или евентуално некоја друга цел.Комплицирано е.И сама незнам зошто толку многу се измачувам со тие размислувања...но во секој случај се добро бегство од реалноста.
Сите ме прават чудна затоа што одам во школо преку суботи, распусти...секогаш е отворено и одам да свирам, да вежбам (поголема концентрација имам таму отколку дома, а и поубави се клавирите) и не можат да сфатат никако..исто тоа што се радувам што ќе си бидам втора смена, така да цел ден ќе го поминувам таму
Чудна сум била зошто не сум сакала да имам мирен период во мојов живот ,туку постојано требало да ми се дешава нешто ,чудна сум била зошто се прва сум приметувала ,ништо не ми бегало
Чуден сум затоа што секогаш сам со себе си разговарам, пред огледало,на работа одам и сам со себе ди зборувам, со мобилниот си комуницирам, со комјутерот, ги молам телепатски мн луге да биди како што јас сакам,со Tефелизорот си правам муабет, се расправам сам со себе на глас а и тифко. После гледам форми во секој поглед и во се што ке погледнам. Пример: ке се загледам во плочки во во зид, или некаде во нешто неживо и после извесно гледање во тие одредени точки ми се појавуваат слики дури и понекогаш се движат. А најчудно е тоа што кога ке сакам да се загледам во некого или некоја си ги поврзувам незините црти на лицето и излегува некоја слика некое геометриско тело разни облици а понекогаш и зад незе гледам бои (ама тоа поретко и не секогаш)
Ме сметаат за чудна бидејќи сум ќутлива . Не сум особа што многу зборува , но се слушам и паметам . Често се случува , сите да зборуваат и во еден момент мм да ме праша : ти овде си со мислите ? Што те мачи ? И да навалува да му кажам што ме мачи , а јас таква сум уствари , ќутлива
Чудна сум затоа што не сум особа која што зборува многу т.е зборувам, ама кога јас сакам и со кого сакам бидејќи со секој не ми лежи муабетот. Чудна сум затоа што немам другарки туку пријатели иако се мал број, но се слични како мене со исти ставови и размислувања. Чудна сум затоа што многу читам книги.
Чудна им сум била што немам фејсбук, инстаграм... Едноставно не можам да ги поднесам тие "социјални мрежи"... Јас сум тет а тет тип, за во живо Мм вика чудно ми е што ролетните на прозорците секогаш ми се во линија... И закачалките во шкаф се завртени на иста страна... Е таква сум... Чудна
Чудна сум затоа што со некои личности зборувам премногу, а други само ги слушам. Чудна сум затоа што ги мијам рацете по 100 пати на ден поради тоа што имам фобија од бактерии. И поради тоа сум постојано со кремата за раце до мене. Чудна сум затоа што додека сите девојки во дискотека играат во еден ритам јас самата си создавам друг ритам кој веројатно и не е многу соодветен за музиката во тој момент, ама who cares?! Чудна сум затоа што во целиот мој живот немам пробано хамбургер и веројатно никогаш нема да пробам
Па не сум многу по наконтеност, шминки, пунџи... Се шминкам малку, колку да ги истакнам цртите. Друго што ме прави чудна е - не се замарам за мода, ама баш ич. Трето, фантазер... знам да набљудувам нечиј гест од филм и да се заљубам во самата естетика и емоција во гласот... Често ми велат дека сум како од друг век. Друго многу сум простодушна, во овој век на луѓе што се филмаат. Ставам на ФБ слики и кадешто немам грам шминка. Не живеам за лајкови. Немам многу пријатели, осаменик сум. Моралот, етиката, праведноста и личниот живот со семејството и избраникот ми значат многу,
Чудна... не знам дали ова е вистинскиот збор ама ок .. - Променливото расположение. Се случува често во рок од 5 мин.и помалку од зборлива да не сакам ни збор да изустам. Така ќе ме прифатат и тоа е тоа. - Не следам мода никогаш и немам интерес. - Немам големо друштво, имам 1 бфф со кој се дружам 8 год.веќе.. - На луѓето сум им чудна затоа што ги хранам уличните животни а јас би била поскромна тој ден - тоа што ги сакам животните повеќе од " луѓето".
Дилема која друштвото и во основно и во средно не можеа да ме разберат, а понекогаш неможев и јас сама. Значи мене гласот ми се менува и незнам како, кога сум зборувала со другарите сум имала нормален глас, а кога сум станувала да одоговарам или да разговарам со професорите гласот одма ми се менувал и по боја и по се. Не можам и сама да сфатам како е можно
Во главно сум чудна заради тоа што сум многу интровертен тип,не сакам да сум опкружена со многу луѓе и не сакам гласни места. Исто така не ги доверувам проблемите на секој што ќе ме праша, тивка сум и молчалива по природа. Ми велеле дека сум чудна бидејќи за мои години сум се облекувала неженствено, чудно било тоа што не сум сакала да носам штикли и сукни. Имам и чудни навики како некои што кажаа, ама исто не би ги открила.
Да се дополнам, заборавив да пишам погоре.. Чудна сум им на луѓето што сум вегетаријанец.. Како можам да не јадам месо..бла бла глупости , не можам да ги слушам.. Ај гледајте си ваш живот
чудна сум оти имам мн чудна смисла за иронија, не ме сваќаат дека се зезам, бидејќи сериозно кажувам. не сум типична жена, не врескам од пајаци и инсекти, не гледам серии какви и да се, романтика не сакам некако ми е бљак лигавење без потреба, сакам сфи филмови, дома сама отворам тегли. подома го заменвам татко ми, хахаха љубим те сине