Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ве прави чудни?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Belen, 23 јули 2010.

  1. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Чудна сум затоа што сум голем интроверт
    Сакам да ги набљудувам и анализирам луѓето, што прават, како се однесуваат во одредени ситуации. Како psycho сум некад кога ќе се загледам во некој.
    Чудна сум затоа што секоја втора реченица ми е саркастична
    Чудна сум затоа што не можам да поднесам да мијам садови аама затоа обожавам да цепам дрва со татко ми.
    Затоа што имам опсесивно- компулсивно нарушување.
    Затоа што сум анксиозна.
    И за крај чудна сум затоа што кога сакам можам да ги "исклучам" чувствата и да бидам најладната личност што постои
    And i like myself :)
     
    На Dashing:), LUCI 99 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Чудна сум како пијам апчиња,чудна сум како се облекувам
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Мојот карактер е често променлив,чудна сум оти и со најблиските понекогаш не зборувам ич,а некогаш не затворам уста по цел ден.
    Чудна сум оти сум лутачка голема и тешко се одлутувам,се си земам при срце,буквално секоја ситница ја сфаќам лично.
    Чудна сум оти имам опсесивно компулсивно растројство,и со самото тоа принудена сум одредени работи да ги бројам и да ги повторувам.
    Чудна сум оти ретко се смеам.
    Чудна сум оти не сакам да пијам никакви апчиња.... :D
     
    На LUCI 99, Someonespecial, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тоа што сум верник, бидејќи моите врсници мислат дека тоа е ненормално.
    Тоа што верувам дека Земјата е создадена од Бог и дека не е топка.
    Тоа што слушам транс музика а не сум наркоман.
    Тоа што сум десничар а во пракса сум поголем либералист од самите либералисти непознавачи на својата идеологија за кои освен нивните гледишта се друго е ненормално.
     
    На LUCI 99, Liu, jealouslut23 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Што моите најблиски сметаат дека ме прави чудна:
    * Ломотам 200 на саат и секогаш сум недокажана. Постојано изнаоѓам теми за филозофирање;
    * Одам сама на ноќно планинарење;
    * Повремено се изолирам од цел свет (секако и од најблиските), по цели денови читам книги и не кревам на телефон, не отварам врата кога ѕвони ѕвончето, едноставно немам потреба од комуникација со никој, дури ни со тие со кои што живеам;
    * Преку ноќ можам да избришам блиска личност од листа на живи луѓе, без ич око да ми трепне.
    * Животните ги сакам повеќе од луѓето;
    * Не пратам мода, не ме интересираат трендови, па најчесто се двојам од толпата по начинот на облекување;
    * Од долга коса до половина, одеднаш ме гледаат со избричена глава (тоа цел живот го правам, ја пуштам да порасне па ја шишам на 4ка, па пак исто...);
    * Не сакам гужви, не сакам плажи ниту одмор на море, не сакам хотели ниту апартмани (идеален одмор ми е планина и шатор);
    * Летно време знам да си отворам шатор во двор и да спијам во него;
    * Не се дружам со жени (само две другарки имам), избегнувам зближување со женски род;
    * Пре би цел ден да го поминам во гаража со другарите чепкајќи кола, одколку да одам на кафе;
    * Анализирам луѓе, предмети, ситуации, дури се губам во време и простор кога го правам тоа.

    Има уште мнооогу, ама доста е сега, и онака го оптеретив постов :)
     
    На LUCI 99, Bozica1980, Anajirile и 6 други им се допаѓа ова.
  6. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.671
    Пол:
    Машки
    Shto me pravi chuden ?
    Hmm
    - Znam da bidam naporen,da go opteretam na nekoj a patem svesen sum za toa,bez razlika vo koja situacija se desava toa.
    - mozham da bidam laden kako kamen,bez nikakvo chustvo.
    - znam nekogash da zapostavam nekoi raboti,i po odredeno vreme da gi zavrsham.
    - za fudbalski klub ( taka kazano ljubovta moja) nekogash ostavam se i na polovina rabota,na momenti na radosti znam i solzi da pushtam (koja budala od chovek sum ej) :D
    - sakam kristali,minerali i shareni kamchina shto stvarno za nekoi drugari sum mn cguden
    - na dogovor za kafe pijachka ili slichno ako zafrkne nekoj znam da si zaminam i da se najdam na mestoto kade treba da odime,a ne na dogovorrnoto mesto za chekanje,shto drugarite sami mi kazuvaat deka sum chuden cgovek :D
    Paa vo globala ficho ti nekako navistina chuden chovek si mi be. :D
     
  7. -Buba-

    -Buba- Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Чудна сум затоа што многу зборувам, лесно склопувам пријателства, нормално кога сакам, не пушам, не пијам алкохол, не пијам кафе, знам да бидам голем идиот и за 2 секунди да исфрлам личност од мојот живот која ми значела премногу, мртва ладна... Доста е :D
     
    На Rama и filip4 им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ми се допаѓаат сите чудни работи кај тебе, освен една: Сама на ноќно планинарење. Многу непромислено и небезбедно.
    Инаку во многу работи сме слични.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Можеби тоа што не се плашам да чувствувам, да се вложувам, да сакам безрезервно, безусловно
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Поштуем феминизам и либералност, а не сум ни со вишок килограми ни лезбо, само бела :?: :devil:
    Се шалам... :D

    Доста интровертна личност сум. Мразам гужви; многу полесно ми иде писмено изразување и комуникација (не само вака онлајн дискусија и дружење, туку и писмени испити, искажување чувства преку пишување), и си го признавам тоа без воопшто да ми е гајле дали некој ќе си помисли дека нешто „глумам“ зад тастатура 8)
    Склона сум на анализирање, филозофирање, overthinking. Имам и јака меморија за детали без да се трудам да ги запамтам, па некогаш можам да изгледам манијачки со тоа (и за разлика од повеќето луѓе – многу повеќе памтам имиња и trivia податоци отколку фаци) :tmi:
    Не искажувам емоции пред секого, а изразито емотивна личност сум.
    Мнооогу саркастична сум – и пријателски со оние поблиски пријатели, и на своја сметка како одбранбен механизам, и како оружје против глупавоста на луѓето. :bandit:
     
    На Bozica1980, winter flower, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    - Overthinking! Такви филмови знам да си направам, чудо едно. И многу ми пречи тоа затоа што често знам да си создадам нервози и главоболки за ништо.
    - Барам проблеми кај што ги нема.
    - Не можам да научам ако не ми е со маркери во боја подвлечено.
    - Кога за ручек има на пример, компирчиња и месо, со секое залче месо до крај, мора да имам и компирче. Инаку се нервирам. Psycho :x
    - Не знам да искажам емоции.
    - Кога пробувам да бидам романтична користам такви изрази, што на крај завршува со ролање по земја од смеење.

    To be continued...
     
    На soffce, КикиМаус и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.383
    Пол:
    Женски
    Чудна сум зашто без тешкотија и брутално искрено бришам токсични луѓе од живот затоа што се ставам на прво место и се обидувам во мојот живот да има само она што е најдобро за мене. Ова е чудно затоа што поради некоја причина што не можам да ја сфатам, на луѓето им е полесно да се мачат, да се преправаат дека уживаат во нечие присуство наместо да кажат така како што мислат.

    Чудна сум зашто како што сум искрена спрема другите така се и критикувам себе си и сум исто така брутална во тоа зашто немам страв да си ја признаам апсолутно секоја грешка.

    Чудна сум зашто имам добра логика што ми овозможува добро да ги читам/анализирам луѓето и одредени ситуации. И да се дополнам на претходното, најмногу се анализирам себе си и своите постапки.

    Темава е што не прави посебни снегулки ама нема врска. :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Пет минути дремам на темава, пет долги минути барам кај себе дали имам нешто за чудење...и се чудам колку сум била едноставна женска, немам ништо во мене за некој да се зачуди!!!
    Е сега, дали е тоа комплимент, дар од бога, мајка природа..хммм..чудете се вие чудните:D
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Гледајќи ги коментариве од денеска помислив дека темава е денеска отворена.


    0. Не сум чуден јас, чудни ми се сите што не се свои.

    Откако расјаснивме тоа, сепак да продолжам како и сите :lol:

    1. Чуден ме прави тоа што можам да зборам за операција на полови органи додека седам на маса и јадам.

    2. ЧУден ме прави рабовите што не ги правам, а мнозинството ги прави.
    2.1 Не гледам филмови
    2.2. Не гледам серии
    2.3 Не слушам музика секој ден по цел ден
    2.4 Не пратам "актуелности" и жолта штампа
    2.5 Не знам ни како изгледа Ким кардашиан ..

    3. Читам книга додека се возам у автобус

    4. Носам шише вода каде и да одам. Скоро 24.7

    5. Немам потреба од друштво. Немам друштво со кое се гледам секој ден. Имам само блиски другари/ки од ваму и таму со кои се гледам поретко/почесто.



    Не знам веќе се што има .. али како што реков, им се чудам на сите оние кои на мене ми се чудат. .|.


    RUN
     
    На LUCI 99, Dream-Girl, sjdgo и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    -Можеби некои свои правила и принципи по кои се водам.
    Патријахално воспитана, па делувам како од некој позаостанат век со некои мислења ама не ме допира тоа, напротив ми годи.
    -За разлика од други, полесно ми е вербално да се изразам отколку писмено, бидејќи имам толку мисли па додека напишам ќе заборавам.
    -Не излегувам од дома ако не се преоблечам барем 3пати.
    -Додека бев девојка јас прва пристапува кон машки род, тоа им беше чудно на сите. :D Обично бегав од тие што ми приоѓаат.
    -На прв поглед делувам арогантна, многумина ми го кажале тоа.
    -Немам срам да плеснам во лице, ретко кој го прави тоа.
    -Не се замарам со некои работи кои сметам дека се безначајни
    , па знам да делувам како незаинтересирана.
    -Простувам еднаш, на втора шанса вртам грб и бришам луѓе како да не постоеле никогаш, без гнев и омраза. Едноставно не ги познавам.
    -Самокритична сум честопати
    -Не излегувам од дома без шише вода, антисептик и некој аналгетик за глава/стомак.
    -Облека после едно носење одма во машина. Можда не е нормално, ама ете така мислам кој знае кој седел на столот пред мене, пааа сепак машина...
    -Не искажувам многу емоции. Ретко е. Едноставно не сум таков тип. Тие што ме знаат, во очи ми читаат што мислам.
    -Не сакам изненадувања и романтични работи. :puke:
    -Подобро функционирам навечер. Ноќна птица. :)
    - Уживам да седам сама и никогаш не ми е досадно, секогаш си наоѓам занимација.
    -Знам дека сите мрчат за пензионери, ама мене оваа категорија ми е ранлива точка. Не ме нервираат, напротив кога одам во посета во старечки дом или продавница, сакам да си прозборам, па често пати знаат солзи на ми наврат... Воопшто не е лесна староста.
    - Не знам да се фокусирам на една работа. 3 работи истовремено знам да правам, ни сама нз зошто.
    -Последна и за многу чудна "работа" тоа што мирот го наоѓам во духовно живеење, слободно време користам за одење во црква и по пат некаде во природа, наместо дремење 2h на кафе и сл...
    ...
    И така... :)
     
    Последна измена: 17 април 2018
    На Askopje, Rama, ELIDavor и 2 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Пре анализирање на работите, замислена сум многу, Хахахха не чуствувам студ се сум си на куси ракави и зимо и лето :D
     
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    -Можам да планирам нешто со години, но во моментот пред тргнување/остварување се потсеќам колку всушност ми е пријатно дома и немам желба за било какво нарушување на тој комфор.....па ги откажувам сите планови во последен момент.
    -Немам желба за раѓање деца ( сурогат мајка се прифаќа ).
    -Им делувам претерано сериозна на одредени луѓе.
     
  18. jealouslut23

    jealouslut23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Чудна сум зашто ја мирисам храната пред да ја јадам а тоа на јавни места изгледа прилично чудно
     
    На filip4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Не се сметам себе си за чудно створење. Повеќето работи што ги имате наброено ги среќавам и кај мене ама не мислам дека тоа ме прае чудна туку само живо суштество.
     
  20. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Тоа што имам фобија од шишање коса (facepalm)