Тоа што сум верник, интроверт, overthinking ми е слаба страна, знам да ги проценам луѓето, доста ги анализирам и ги гледам од поинаков агол работите.
*Не сум од оние кои велат дека треба да се почитуват и да се слушат постарите само затоа што се постари. НЕ! Јас имам свој карактер и ќе послушам ако ми одговара тоа што ќе ми го кажат и ако се тие безобразни према мене и јас сум према нив безразлика колку години имат.
Тоа што не сум друштвена, ич ! Освен со моите неколку драги луѓе. Не сум личност која со секој може да испие кафе. Не сум личност со крената глава, далеку од тоа, ама едноставно не можам да склучувам секојдневни пријателства, чудна сум знам .
Не си чудна верувај ми.. има во светов доста енергетски вампири што едноставно посакуваш да останеш сама и само со еден згоден дечко доволно е
1.Што сум openminded скроз на скроз и поддржувам мнооогу работи кои луѓето во мојата околина не ги поддржуваат 2.Што правам што сакам без да ми е гајле што ќе кажат другите, а и кога ќе кажат нешто не се замарам 3.Менувам расположение на 2-3 минути 4.Прелесно се уклапам у било какво друштво во било која ситуација 5.Имам тврдокорен магарешки инает и не отстапувам, ако не го истерам своето до крај ништо не праиме.
- Што имам свој став и не дозволувам други да ми наметнуваат мислења и сл. - Не гледам на работите црно/бело туку сиво,ги согледувам и сослушувам двете страни пред да донесам одлука за нештата. - Не можам да поднесам дволичњаци и манипулатори,пак често пати заради тоа сум влегувал во вербални конфликти.
- Тоа што сум премногу љубопитна се сакам да дознаам и разберам, (за работи што ме интересираат). - Тоа што сум openminded личност. - Многу ретко (скоро па никогаш) не користам шминка (повеќето девојки ми се чудат како можам), ама јас сум задоволна со самата себе и кога сум нашминкана ми паѓа самодовербата, се осеќам како тоа да не сум јас туку некоја сосема друга личност. - Се облекувам како што јас сакам и чувствувам дека треба, не следам мода и трендови воопшто. - Често сите ми викаат дека сум ладна личност, без грам емоции, со его до плафон, а јас сум тотална спротивност од тоа, бар јас самата не се сметам за таква, можеби само така делувам. - Некоја личност може да ми е премногу драга и за секунда да ја избришам од листата на живите. - Не давам втора шанса на никој. (Освен на една личност, и страшно се нервирам поради тоа што правам такво отстапување ). Толку ми текна во моментов, ама имам доста чудни работи и особини во мене, многу луѓе често за нешто ми викаат многу си чудна.
Истии сум буквално... Со колеги на работа додека работиме сите си се друштвени се зезаат, јас како муле ќутам, некад ќе кажам по нешто ова она али ретко, нит ми е срам, нити нешто друго ама едноставно не можам, а со најблиските неколку души што ги имам сум можда и најопуштениот човек што и се зеза и буквално се, можда и чудно е но ете.
Ова за мене е чудно зашо ретко го гледам а повеќето девојки треба да го прават, секоја чест девојко, баш ме изненади браво браво браво ! Камо да имаше повеќе вакви...
Хмммм...можеби отвореното трето око на чело...антени имам две на глава и по шест прсти на нозе..а, да...и мочам стоечки секогаш
-Овертинкинг килс ју.Премногу анализирање на работите од потребното до најситен детал. Ниту една и најбанална работа не проага лесно кај мене, мора по 100 пати да се преслушам, да вратам филм како било,што точно се случило ,после зашто се случило ,и така си влагам од филм во филм ,и накрај испага дека дека џабе ми било секирањето и дека немало врска ама ја филм во глава морам да си направам, јбг - Втори шанси не постојат кај мене. Нема зашто, мразам да губам време на непотребни луге. - Никогаш не научив да правам лице и да глумам, ( за жал времето во кое живееме ни го налага тоа ) кога некого нејкам неможам ни да го одглумам тоа, u can see it from my face. - Имам свои ставови за одредени работи во животот и не дозволувам никој никогаш да ми го наметнува своето мислење или да ми сугерира (освен ако не прашам јас.)
Понекогаш знам да излезам сама на кафе или да се прошетам. Кога се шетам, си се шетам со слушалки а кога ќе седнам на кафе знам да читам книга или пак да пишувам. Ретко се случува, само тогаш кога имам потреба да излезам ама немам желба да зборувам со никого.