Чудна сум заради тоа што не пушам, не пијам алкохол или пак кафе ( не знам како некои можат по 3-4 пати на ден да пијат ) Чудна сум поради тоа што немам милионннн шминки и други женски асесоари туку само тоа што ми е најпотребно ..... Чудна сум поради тоа што не сакам денско време да дремам по кафичи за да ме видат т.е. за да бидам видена низ град Има и некои други работи што сега не ми текнуваат ама најчудна сум им на другарките кога ќе кажам еве играа тие и тие и они ќе почнат па кај сега најде за фудбал да правиш муабет? Епа тоа е кога ќе пораснеш со брат и 2 први братучеди, гледам фудбал и го обожавам позззз
хаха....јас пак мислев дека само јас сум чудна за фудбалот но сепак имало некој како мене...и јас обожавам фудбал...
Пааа од каде да почнам.... Инат имам голем, само читам на интернет за некои истражувања и многу факти и слични приказни знам, не пушам не пијам алкохол а пијам горко кафе или Синалко секој ден (ме одржуваат во живот) има многу други работи по што сум чудна и сега ме мрзе да ги набројувам сите оти ќе седам тука две недели
Еден заклучок: сето она што мислите дека ве прави чудни, всушност ве прави свои. И има уште мал милион други како вас. И ќе ве разочарам, но НЕ - не сте чудни. Чудно е да носиш чорапи по рацете и гаќички на главата, но чисто сумљам дека некоја од тука го прави тоа.
хахахах .... не сме само ние има и многу други ама за жал нема во мојата најблиска околина ..... затоа за таа тема морам со машки да дискутирам и да ти кажам и тоа е еден начин да ги запознаеш повеќе машките, на пример јас многу повеќе можам да се снајдам во машко друштво со шалите нивни и глупостите за разлика од моите другарки ...... и за оваа работа сум чудна по малце
незнам дали ќе верувате, дали не но чудна ме прават моите визии за во иднината .. понекогаш одвнатре ме натерува да ги затворам очите и ми се покажуваат едни слики заматени и нормално не ми е јасно, ама кога се случува тоа по извесно време имам предчуство како веќе сум го видела тоа и знам што на пример да кажам, да направам или да пишувам и чувствувам некоја мака како да имам топка во грлото .. навистина тоа ми е чудно .. ко да сум паднала од мааааааааааааааааааааарс
Чудна сум затоа што понекогаш сакам кога сите ми се собрани на куп јас да сум во друга соба и да си лежам. Чудна сум зошто не носам копчиња Чудна сум зошто кога на сите им се случува иста работа на мене ми се случува секогаш обратно. Чудна сум зошто пред да одам некаде едвај чекам да одам а од кога ке отидам неможам да дочекам да се вратам Епа чудна сум
Некоја девојка претходно кажа нешто слично...Пијам само едно кафе дневно. И јас исто така не можам да ги разберам луѓето што пијат по 4 - 5 кафиња. И јас не седам в чаршија, да безделничам само за да бидам видена... Чудна сум им на другите затоа што имам слободен ум. Што имам перверзен ум како никој и што тоа скоро секогаш го искажувам... Глупости..Сите тоа го мислат ама никој не се осудува да го каже... Чудна сум затоа што во едната соба може да има журка невидена,а во другата јас да си лежам и да уживам во моите мисли... Чудна сум затоа што станувам во 3 или 4 наутро за да учам...Подобро учам така..Тоа му е чудно на другите... Чудно му е што имам 18 години,со една добра врска позади мене,што воопшто не изгледам лошо,а сум девица...Тоа му е проклето многу чудно на луѓево.... Таква сум. И си се сакам.
преточно ... сакав тоа да го напишам ама ај реков ке читам до крај и видов дека некој го дели моето мислење
Благодарам Без навреда, ти се нема случено некој да ти рече: "Леле, ама си чудна"? Пресериозно ја сфаќате темава (ти и уште неколку што искоментираа нешто слично), а не е тоа поентата. Ама како и да е, разбирливо е дека на еден форум има луѓе што пресериозно го сфаќаат, и забавата ја претвараат во грижа за секоја тема што ќе се отвори дали се повторува или не... Ова беше мала дигресија, сега да не бидам надвор од темава, ми викаат дека сум чудна кога се карам - зашто секогаш останувам смирена и навредувам суптилно, без ниту еден лош збор!
Чудна сум си зашто не знам да идам на штикли , ме болат нозете претерано , а сите околу мене носат . Чудна сум зашто не ставам пудра скоро ич . Чудна сум зашто не можам кафето ( не турско ) да го пијам саат време . Ни млеко ни сок ни вода . Се на екс пијам . Чудна сум зашто на секој тест јас сум со белешки во телефонот , ливчиња во тетратки , ранец , џебови . Ама буквално на секој , и само еднаш ме фатиле Чудно ми е што сум навикната да станувам касно . Ако станам , иам чувство дека сум пропуштила нешто битно . Чудно им е на другите околу мене што немам фејсбук ( големо чудо што немам )
Белен здраво. Вака, видов дека си online, претпоставував дека ќе одговориш, затоа си ставив без навреда. Искрено, дел од твоите работи и јас ги правам/не правам, и многу голем дел и од останатите девојки што ги спомнале... Ни јас не пијам кафе, ни јас не јадам боранија, и јас имам станувано ноќе да учам (и 80 % од студентите го прават тоа и сл.) Не е тоа ништо чудно... Колку сами да се префорсираме и истакниме и демек сега сме чудни... Ама нејсе... Како сакате, јас кажав мое мислење, кој како си сака... Поздрав
^ Значи повторно не се разбираме... Секој во својата околина и опкружување (семејство, друштво, колеги...) прави нешто, поради што се издвојува од останатите... Значи си пораснал во една околина, и од тебе се очекува да се однесуваш на одреден начин... Но, не.. ти отстапуваш од таквото однесување и за другите си чуден/на! И така често знаат да ти го забележат тоа. Значи иако на светов ќе најдеш мнооооогу слични на тебе по тоа твое однесување, сепак таму каде што го минеш секојдневно денот, тоа е чудно, зашто не постапуваш како и околината (и барем според мене, тоа е добро - да не се следи слепо околината). И на крај краишта, стварно мразам што за еден ФОРУМ и ПОСТ треба да се објаснувам волку многу. Го подразбирате ли поимот забава... така го сфаќам јас сето ова. И, да не бидам груба, но, останати критики и жалби во врска со темава, кај администраторите!
Девојки дај не се расправајте ..... темава си е супер, мене лично скоро секој ден ми кажуваат е како можеш така да правиш нешто???? Или пак леле колку е чудно тоа и те погледнуваат накриво ........ Секој си има свои навики, на различен начин јадеме, спиеме, пиеме, учиме и баш е тоа убавото што сите сме различни и се издвојуваме ...... Затоа на некој му е чудно што другиот не го прави истото како него. Мене ми е супер темава, на некој не му е, се до различни вкусови затоа бесцелно е да се расправате ...
Ееееее, добро бе Белен, не земај толку при срце па и ти за тоа што сум кажала јас и некој други девојки... Кажав што мислам за темата, та јас, та некој други девојки... Не се замарај да објаснуваш зошто си ја ставила... Продолжите понатаму... Секој свое мислење... Форум е... Ај поздрав П.С. Се извинувам за оффтопик