Чудното кај мене е тоа што имам навика да си напраам некоја претпостафка ... И таа претпостафка се остварува во рок од 1 саат ... Интересничко е понекад ... Али не секад ... Сакам да се замарам со цртите на лицето на др околу мене ... Т.е да ѓи проучувам ... xD ^ ^
Прееска ми рекоа-необично или да кажам чудно сум се облекувала Не сакам да бидам секогаш во тон облечена, си имам свој начин и ако мене лично ми се свиѓа-си терам.
Дечко ми нон стоп ми вика дека сум многу чудна и посебна...ја мислам дека сум нормална...ама он е убеден од некои мислења и ставови дека сум чудна и посебна...ама ако мило ми е...уникат сум ...(и тоа ми има кажано, нема ниедна како тебе) Е да Чудна сум зашто сакам се да биде по мое и на кај бидува како ја што ќе кажам..не знам како ама бидува.... чудна сум кога имам некое претчуство лошо или добро секогаш ми се исполнува.... исто и кога ќе кажам нешто на другите се исполнува баш чудно...другарка ми кога сака да и се деси нешто ми вика ајде кажи да се деси И да чудна сум во мислења и ставови сама си се чудам како идам у крајности можеби заради тоа сум посебна
Сите сме чудни и убави и посебни во очите на саканите Мене чудна ме прави хипер-наставката, во се` што постојам. Мегаломанија Емоции Енергија Страст Летнатост. Гордост. Сонување. Сето тоа не ми е чудно, ама на некои луѓе, им е. Зошто тие самите не се такви, па им се чини дека сум чудна. Јас лично, чудно си го сметам само вечниот став да барам добро во сите нешта, наоколу, и кога ќе се разочарам, се јадам себеси.
Ништо не ме прави чудна,и за чудо ваквото сознание не ме загрижува.А не па и дека гледам многу чудни луѓе околу мене.Мене ми е чудна опсесивната потреба на некои да им докажат на другите а и себеси дека се чудни,уникатни,посебни,оригинални,one of a kind...итн итн. Чудото е премногу релативна и во днешно време се повеќе фиктивна категорија,за сметка на просечното,обично,веќе видено и изживеано. Чудни се нашите мозоци,особено оние кои веруваат дека се чудни само затоа што не пијаат кафе туку само зелен чај,не ја слушаат Шакира или затоа што не носат облека со жолта боја.
Чудна сум зашто сум многу сериозна и длабока за мои години, зашто многу сакам да си летам со умот некаде како некоја шлакната, зашто се изразувам стриктно литературно кога зборувам, и многу поинаку чудачки размислувам за работите Чудак сум си по малку.
Ухуу.. многу работи што на сите не ми ни текнува, многу се да ги набројувам а и не се баш за во јавност. Ова ни другарките мои не ги знаат. Но, ај сега највпечатливата работа, одењево мое Сите ми се изначудеа, како одам, толку неправилно и катастрофа сите обувки ги парчосав еве ги и кожниве старки сега се на ред Цели ми се навалени на едната страна од шо идам криво и чувај боже. И ја не идам, јас ко да скокам некако ахахаха.. Ама ајде затоа се разликувам од другите, абе уникат што да ви кажам. Можеби на вас не ви е чудно ама другиве околу мене кога ме гледаат баш е чудно и смешно. А др. работи не се за кажувањее
Незнам што има чудно во тоа што не слушам музика на компјутер додека читам теми по форумов,читам разни други страни или седам со другарки и не ми текнува да пуштам музика,туку слушам нешто од Тв. Што има чудно што попрво би оставила некоја шпанска серија да ми збори у позадина, додека правам нешто сосема трето (јадам,си пеглам коса итн) отколку да пуштам некој музички канал. А не е дека не сакам музика,си сакам,ама ете поубаво ми е кога на раат си читам и размислувам за нешто. Штознам Друго,што има чудно кога не трчам да видам огномети Па не ми се интересни којзнае колку,и не се којзнае што. Трето,чудно ли е тоа што секогаш прво јадам благо,па после солено?Всушност, и најчесто благото ми го поттикнува апетитот. Има уште многу работи најверојатно,ај можеби некогаш ќе се надоврзам на овој муабет.
хммммммммм па мн нешта а најчесто го слушам мн си дива (не правам со секој муабет и одговарам дрско)ама не е дека сакам само погрешно ме разбираат
Тоа што изгледам мирно и повлечено, дека секогаш си кулирам и не се нервирам се додека не се изнервирам со некој што премногу ме изнервирал. тогаш никој не ме препзнава, во тие моменти како да е некоја друга личност. кога се карам - саглам е карањето Имам и некои безврска, чудни навики ама тоа другите го приметуваат, јас сама неможам да кажам
Тоа што сум поинаква во очите на оние за кои сум чудна. За традиционалистите сум премногу неконвенционална. За студените луѓе сум чудна затоа што сум премногу емотивна. За неинформираните сум чудна затоа што сум премногу информирана. За претерано интелигентните сум чудна зошто не се разбирам во квантна физика и во разни плантерани констелации. За бубалиците бев чудна кога не се припотресував за оценки. За некои девојки на моја возраст сум чудна како тоа не легнувам веќе во 9 во кревет и сеуште ми се излегува. Врти сучи за сите сум чудна, само зависи за кој во каков контекст. И сигурна сум дека секој од нас му е чуден на некој заради одредена работа која ја прави. Јас сум си сосема обична единка на планетава. Чудна не сум. Е сега посебна и уникатна можда сум, ама чудна не
Што ме прави чудна?! Па има повеќе работи кои ме прават чудна... Како прво, поразлична сум многу од моите врсници. Во стилот на облекување, во начинот на кој размислувам, во развиеноста на мозокот... Не дека се фалам, ни малку!! Туку тоа го кажуваат и моите најблиски, и мои поголеми другарки, и братучетки... Но јас мислам дека тоа не ме прави чудна воопшто, сама са себе не мислам дека сум чудна, но другите мислат. А зошто мислат?? Затоа што сум поразлична, зошто кога ќе кажам нешто другите што не можат да го раберат, се чудат од каде сега тоа...Затоа што сум повлечена кога одат по пат и се смеат, а јас стојам на страна. Чудна сум што не сум една просечна тинејџерка која се глупира каде и да оди?! Не, јас не мислам така. Но ако имав некој паметен како одредени личности во моето друштво, би била најсреќна... Малку оф топик отидиов, но морав..
Се веројатно, од мојот физички изглед до мојата способност да запомнам се што некој напишал на фемина а очиве случајно се погодиле на таа страна, до тоа како заборавам да исклучам шпорет пак еве денеска ќе се запалев да не беше татко ми вратен дома Имаше време кога јадев кисело млеко со виљушка. Првиот пат почна во студентски, немав измиено ниту една лажица а бев страшно гладна, уморна и јадев со виљушка, пак потоа ми премина во навика. Пиење коњска доза кафиња и какао... во огромна чаша ама огромна, па секој што иде на гости и ме види, само во мене зјапа дур сркам од чашата како да сум изрод Што не заприметувам никој по улица, па луѓето мислат дека сум дигната, се правам не ги знам, а јас пустата шетам без очила пошто не ми стојат на имиџот и угледот цц пак не ги носам и не ги ни гледам, во буквална смисла на зборот на ги гледам. Абе секој си има милиони работи. Сите сме од друга планета, само не од истата... we are same but not one
Чудна сум на повеќе начини -Чудна сум што сакам да имам друштво,но сакам време само за себе! Сакам да имам малку рпостор од се едни пет минути да се одалечам од светот и да уживам. Да си гледам телевизија, грицкам чипс како надвор од опкружувањето со други луѓе. -Не ме интересираат работи кои ги интересираат на речиси сите мои врснички. -Чудна сум што секогаш сум во потрага по нешто ново, нешто невидено, нешто длабоко. -Чудна сум што држам дистанца од луѓето. -Чудна сум што потајно сонувам да откријам нов свет во кој ќе влегувам и излегувам кога сакам -Чудна сум што понекогаш добивам напади на бес и земам перници и ги фрлам и правам се лом и после имам напад на хистерично смеење и некоја нервоза и цело време крја луѓето сум Што да кажам фрик сум.
Чуден е мојов вкус за типови кои ми се допаѓаат, сите се... Чудни! Како мене! Еве, најтазе пример, сосема ме присетува на Edward Scissorhands, (Многу е "убав", знам ). И баш затоашто личи на него, мене многу ми се допаѓа. Самара премногу си ја сакам, а идеален дечко за неа е тој, сизорхандз, т.е. за мене. (порано самара ме викаа -.-) Така да, ај да се надеваме дека тоа што ми се врти во главава, да стане реалност. Да се спојат 2 чудни луѓе. Ај плакнете очи на нашата невидена "убавина".
Не можам да кажам дека се сметам за чудна личност, иако луѓето околу мене често знаеле да ми го кажат тоа. Сметам само дека „чудното“ е израз на она што јас го правам, а тие не, тоа што тие го прават, а јас не. Разидување можеби на некои полиња, различни размислувања и ставови кон одредени работи. Секој си има свои уникатни навики, што можеби го прават “Чуден“ во очите на останатите. Нити имам рогови на главата, нити имам пет пара очи на лицево, нити сум истетовирана опасно како таа жената што животен сон и е да стане мачка. За мене, тоа е тоа што ги прави луѓето чудни. Да бидат несекојневни, необични можеби. А, навиките, како што се на пример легнување и притоа пазење да биде ќебето надолу виснато во стриктно права линија, затоа што не можам да заспијам додека не го наместам убаво, како и бришењето прозори и плочки за да ја избркам нервозата, не ми е ни малку чудно. Како што не ми е тоа што другарка ми во животот ја нема собрано косата, НИКОГАШ, буквално, како што не ми е чудно што минатиот дечко обожаваше сам да си ги пере чорапите во двор, со свински сапун. Овие работи ми се смешни, но не и чудни. Кажав погоре кои работи ги дефинирам како чудни и тоа е моето мислење. Сето останато е ствар навике, кои што навики, не прават сите нас различни, НО, не и чудни.
хахахахах абе изабела ме изнасмеа маж ми за малку ќе го разбудев кутричкиов колку е уморен од работа. хахахха сам шорапи да си пери ајде ама згора на тоа со свински сапун? хехех Сите сме фрикови на свој начин, од причина што секој има свое толкување на реалноста и што е за ним чудно
абе конечно да најдам некој кафеџија како мене, ама ја згора на тоа го пијам со брзина на светлината. Боже пази на гости да ти дојдам две три ладни нескафиња обавезно...И ајде сега некој на кафе да ме викне
Да, и јас така изреагирав. Идам кај него и го гледам типов седнал у двор по папуча, леген пред него и едноставно не ми се веруваше што гледам. Земал трие ли трие, па се нервираше два саати зошто не можел да се сети кај стапнал што чорапот од бел му станал црн. Ќе се убиев, али колку ми беше сладок во тој момент, никогаш нема да заборавам. Уникатен си беше типот, еден ден ако стане популарен, а јас живеам во некоја трошна куќа, ќе дадам интервју за некој весник, ќе ги обелоденам работиве, ќе профитирам опасно.
Премногу се пронајдов во одговорот на itgirl. Точно, чудно е многу релативен поим. Сите ние сме различни, имаме различни навики, различни животи.. Кога повекето луге во одреден 'круг' прават некоја работа, која ти не ја правиш, ти за нив автоматски си чуден. Многу од работите кои ги прочитав тука, односно што некои феминки ги прави "чудни", се многу нормални работи, и навистина е глупаво да дефинираме некој како "чуден" само ако не јаде одредена храна, или ако не пие кафе, итн итн.. Тоа се само наши навики, и работи кои не одликуваат самите нас, а не дека не прават чудни.. Еве што мене ме прави чудна, или what I like to call it, поразлична од другите - немам фејсбук (готово, пропадна светот ако се нема фб нели) - не пијам кафе, не пушам (само еколошки нели шала), и не пијам. Работи кои на моја возраст во денешно време се многу нормални да се прават.. (ок за пиењето, се дешава понекогаш, али не често ) - не ставам 5 кила пудра и остало од шминка секој божји ден.. (причина, па најчесто ме мрзи да се шминкам за школо , али затоа на излегување кога мерачки ке се нашминкам сум преубава.. готово, нарцисот се појави - бидејки преферирам една добра вечера во фенси ресторан со омиленото друштво, отколку all night журка во некоја дискотека