Во друшто ме прави чуда тоа што ако се налутам - налутено е. И за некој ако сменам мислење од добро кон полошо не го менувам и афтоматски ми станува одвратен и не си го газам зборот после тоа.
Најчесто сите мислат дека сум чудна кога во друштвото само моето мислење е различно од нивното идентично. Ми велат „шо ти е променета си“ а јас сум си само искрена
Ме прави чудна тоа што упорно ја очекувам таа искреност и верност од луѓето околу мене и никако да ми дојде памет. Ме прави чудна неверојатна организираност и педантерија. Ме прави чудна тоа што не јадам ништо бело. Ме прави чудна тоа што не јадам тестенини. Барем така велат. Ме прави чудна тоа што за работи кои се општо прифатени кај другите без да размислат, јас одам против и не мрдам од тоа. Ме прави чудна тоа што ден денес не знам која е лева, која е десна страна. Има многу работи кои ме прават чудна, а во моментов баш, ниту една не ми паѓа на памет од останатите.
Ме прави чудна мојата зависност од кафе, барем другите така велат. без 2-3 кафиња неможам да си го замислам денот. Но јас ова не го сметам за нешто толку необично. Ме прави чудна тоа што понекогаш сум премногу затворена личност, па изгледам ладнокрвно.
кога ќе кажам нешто тоа е бе,нема назад ниту пак извини, ништо од тоа, таква сум си, и да си гледам за себе
Истото што го прави секој друг различен (читај различен, не чуден!): различна комбинација на атоми, гени, родители, датум на раѓање. Јас сум во принцип просечна девојка, како оние што ги гледате секој ден, во автобуси, во парк, во центар... Мислам дека е банално да се тврди дека сите имаме некој квалитет што не прави посебни. Земете го за пример знамето на Америка. Уникатно е, нели? Сепак, постојат и други црвени, бели и сини знамиња. Постојат и други знамиња со ѕвезди. Постојат и други знамиња со линии. Не постои една особина што го прави знамето на Америка уникатно. Она што го прави различно е специфичниот начин на кој се комбинираат другите карактеристики.
Веројатно тоа што не зборувам многу; понекогаш забегувам со паметов и станувам страшен буљаш; размислувам многу поинаку од луѓето со кои се дружам и живеам; речиси никогаш не знам да се искажам нормално, да си кажам што ми лежи на душа; многу пцујам за мои години (daddy's fault! иако се контролирам во последно време ); убедена сум дека сум родена во погрешно време (ах, златни '60). И така..
Чудни се моите размислувања за иднина .. несакам да завршам факултет, да си најдам работа, да се мажам и да родам деца, како повеќето со кои имам разговарано на оваа тема .. сакам да го прошетам светот, да искористам се што нуди животот, да останам запаметена по нешто .. сакам да доживеам незаборавни авантури, да посетам секакви места, да искусам секакви работи .. еднаш се живее кога и да го кажам ова на некој, ме гледа чудно .. то е то
многу интересна тема Епа вака-можеби сум чудна што кога некогаш некој ми зборува си летам со мислите и не го слушам,а само климам со главата ,па неретко кога ќе ми спомнат пак за тоа се чудам од каде-и знаат да ми се налутат дека ми кажувале а не сум сакала да слушам-остава впечаток дека сум незаинтересирана знам -Не можам да правам лице и да се смешкам на сите Знам дека денес ако не се смешкаш и не правиш лице тешко се успева ама неможам,кога знам некој што ми мисли и сум чула да ме оговара и сл,ама ајде да не се караш,па и лице да правам е тоа неможам никако...кога сум нерасположена сите ме приметуваат....неможам да се смеам кога не ми е до с меење Може сум чудна и што сеуште верувам дека постојат луѓе,добри луѓе и дека не е се од корист...се разочарувам често од тоа мое верување,но нешто од внатре пак ме тера да верувам....а и мајка ми ми вели-ПРАВИ ДОБРО,ИАКО ТИ ПРАВАТ ЛОШО Нема логика,нели,ама ајде да верувам јас во Божја правда.... И да не јадам печурки-за тоа сите ми се чудат :geek:
чудна сум јас самата,одвреме на време забегувам во некој нералистичен свет, запаѓам у така чудно емотивни мисли и се депримирам самата, бладам и све ми доаѓа до некоја совршено поткрпена граница каде што не ми е гајле за ништо.. сонувам за подобра иднина,секогаш може да биде подобра..
Ме прави чудна тоа што не ми е гајле што другите мислат замене,тоа што не седам пред огледало 1 саат,тоа што имам долга коса и скоро никогаш не ја врзувам,тоа што не сум опседната со тоа што ќе носам,сакам да истражуваам,тоа што имам мои измислени пријателчиња со кои играм кога сум сама тоа што обожавам кога ќе врни да излезам надвор и да се изводенам до коска,тоа што можам да си најдам занимација многу лесно,тоа што не пијам кафе исто така кога имам слободно време се качувам на таванот во куќата и од кутиите ги вадам старите мој играчки и си играм а имам 13 години толку
Чудна сум затоа што кога ќе пробам да се пошегувам со некој никој не ја сфаќа шегата и мисли дека сум мртва сериозна Чудна сум затоа што не можам да пијам кафе ми смета и не можам да спијам .... Чудна сум затоа што понекогаш јазикот ми е побрз од паметот
Сум приметила дека чудна сум им на другите луѓе околу мене особено на оние што добро ме познаваат,поради тоа штона многу смирен начин ги прифаќам сите проблеми па дури и со насмевка,како ми влегува од едно уво а од друго излегува итн.ама верувајт понекогаш тоа е начинот!
Мене чудна ме прави тоа што оствам впечаток на намќор кај луѓе што не ме познаваат т.е. што сме во тек на запознавање
Тоа што од ништо не се плашам,чак и машки ми завидуваат на мојата храброст..и тоа што многу сум смирена и кога од внатре пукам,тешко некој да примети,а да и тоа што си одам сама на своја глава,сите ми се чудат како можам тоа да правам без никого да прашам,многу ризикувам..па животот е еден живеј си го како знаеш и умееш..и тоа што предосекам некои работи,само мал број на луге знаат за тоа,и пак им е чудно како..тоа ми е наследство од баба ми