Тоа што и најтешките ситуации ќе успеам да ги разведрам и да ги претворам во смешни. Тоа што понекогаш сум занесена во своите фантазии.
чудна сум затоа сто сите кои ме познаваат немозат да ми го доловат карактерот немозат да проценат како реагирам во повеке ситуации безразлика сто ме познаваат доволно долго и сите ми имаат казано дека претставувам загонетка,еве јас лично како и секој би казала дека имам многу едноставен карактер но често си градам некоја бариера и доколку некој си помисли дека ме знае како селски буквар јас му показувам дека немозе да манипулира и дека немозе да ми ги користи слабите страни зосто ги немам не се разбира дека секој има но некој не ги показува.Татко ми секогас казува: батерфлај е најслаба кога се показува како многу силна! детс рајт
Не сакам да се шминкам Не пиам кафе Сите тажни и депресивни моменти можам да ги направам интересни и смешни..
ме прави чудна тоа што некогаш во најјжестока кавга знаам онака баш да искулирамм хаха и за некој битни работи што би рекла да ги ставам во небитни и да се одморам малце.. а исто така ме прави чудна со тоа што некогаш јазикот побрз од мозокотт
Спичлес и мене ме прави чудна кога се смеам на се и сешто Чудна сум што не јадам никакво друго месо освен пилешко и риба другите меса ми се Чудна сум кога ќе почнам да ја критикувам дада во облеката а никој друг тоа не смее да го направи Има уште ама сега за сега само тие ми текнуваат
Сето ова што го вброивте во „чудни“ јас би рекла дека ве прави посебни и поинакви, а ако си поинаков не значи дека си чуден. Како и да е, еве што мене ме прави „чудна“: се дружам со повозрасни, а ако сепак најдам друштво на моја возраст тоа се најчесто машки; повеќе си го сакам кучето од некои луѓе кои би требало да ми се драги; сакам секогаш да сум тип топ средена независно дали одам во продавница, на кафе, на училиште итн; често кога сите заинтересирано муабетат нешто што мене не ми е интересно, летам со мислите, а сепак ако нешто ме прашаат знам за што се зборувало...(и јас се чудам како ова ми успева) страшно сум одговорна, ако нешто треба да се направи/донесе денес, тоа се прави/носи денес. И секогаш кога покажувам колку сум одговорна добивам некој поглед „уау како ти успева“!!
Многу луѓе са ми кажували, дека сум чудна... слатко чудна. Маж ми особено скоро секој ден ми го кажува... Незнам точно што има во предвид, затоа што јас мојот характер не го гледам за чуден... си го имам скоро 23 години и сум си навикната со него ... Както кажува тој, секогаш имам отговори на сите прашанија... Дури и да не го знам точниот отговор, си измислувам јас некој забеган отговор како приказна... и секогаш се смееме...колку понекогаш сум забегана јас самата
Чудна сум, многу сум чудна. За моите проблеми сум многу јака и стабилна. Со цврст карактер. Проблемите на моите блиски многу повеќе ме погодуваат и ме разнишуваат. Многу потешко ми паѓа кога гледам како на некој му е тешко. Многу при срце си ги ставам работите. Многу сочувствувам. Кога сакам, премногу сакам, не само дечко... туку сите што ги сакам, не знам да сакам доволно, не знам да сакам малку. Знам да сакам премногу, а со тоа ги гушам луѓето. Друго, на толку емотивна особа како што сум јас, не знам колку другите приметила, ама јас знам да бидам себична. Некогаш ми треба премногу внимание. Премногу љубов и внимание барам. Претерувам дури. Не знам, има уште многу работи, ситници кои ме прават чудна, чудни работи на кои размислувам, чудни ситници со кои се оптоварувам. Само едно знам, тешко им е на луѓето околу мене.
Ми кажуваат дека сум чудна кога правам некои работи, кои некој друг тешко дека би се осмелил и поради моите сфаќања за животот. Кога сум во дискусија со некои пријатели, кога дискутираме некои побитни работи, ретко со некој го делам истото мислење, па ете тоа.. И на многу луѓе им е чудно тоа што прво јадам благо, па после солено, скоро секогаш! А физички ме прави чудна веројатно тоа што едното око ми е чисто зелена боја,а другото делумно сино... Спојлер Зборов чудна е безвеза по неколку пати повторување.
Што можам да поминам цела недела без да испаднам некаде гледајќи филмови ол деј ол најт. Можам со минути да се загледам во некоја точка и не можам да го тргнам погледот, како опседната И порано бев чудна оти играв кантер по 9 часа во ден, и точно пред година и пол реков доста беше, и неам заиграно од тогаш
како прво чудно им е на некои за тоа што идам на женски форум чудно им е што неам фејсбук, тоа што идам 5 пати у теретана за да се мачам, тоа што не пазам на исхрана а у добра форма сум, чудно им е како можам да испијам 10 турски кафиња дневно со мерак и тоа итн итн итн
Тоа што ако немам потреба,можам и една недела да не излезам од дома. Tоа што можам да го пресипјам цел ден и пак да не бидам наспиена. Тоа што немам фб на некои им е чудно. А мене ми е чудно што многу луѓе ме споредуваат со Антонија Шола.На нејзе сум им личела.