Па... на моите и се чудни моите фикс идеи. На љубениот му е чудно како можам толку многу време да плакам. Значи буквално може да јадам, да гледам некоја серија, да го бакнувам, да мочам, да пушам цигара и цело време да си плакам. На моите другарки и е чудно како можам да се дружам со момци и тоа момци со долга коса Чудни и се некои работи што љубам да ги правам во креветот Остануваат подзинати од мојата искреност и контраверзност. Се чудат како останувам дома наместо да излезам со некои бош луѓе... Се на се јас сум ти многу нормална личност. Ама околу мене се персони што гледаат само пред себе, како кобили. Личности што не можат да ги сфатат другите, а не ни пробуваат, па затоа само дремат и на било што се чудат.
тоа шо коа одам во вц не ја палам ламбата ....сакам да седам во темница ....мене не ми е чудно едноставно ми смета светлината
Toа што сè јадам со лажица и пијам супа во шоља И има сигурно уште многу други работи, моментално само на ова се сетив Прилично чудна личност си сум јас
Чудно им е како го држам наливот додека пишувам нешто , а пишувам со лева рака . Чудно им е кога ја вртам тетратката за 180 степени додека пишувам . На мајка ми и е чудно како успевам да научам а седам на интернет, излегувам со другарките и одам на аеробик . На инстукторката и е чудно како имам толку енергија а не сум појадувала ништо . На сестра ми и е чудно како успевам да не ми се залепат макароните на дното од тенџерето Jaс сум си чудна самата на себе што некогаш се оптоварувам со ситници , небитни работи што нема да ми сменат ништо само така , си размислувам за нив ......
А, исто ми се чудат задето кога читам весник, го читам од последната страна, па назад... И не само весник...скоро све за разгледување почувам од зад на пред...незнам зошто...немам обеснување
И јас обично така читам. А најчесто заради тоа што најмногу ме интересира хороскопот , а тој обично се наоѓа најназад
аууу многу работи. почнувајќи од самото однесување. лугето не секогаш можат да се справат со мојата отвореност, а најчесто ги буни спојот на бубалица и багабонт во исто време. се чудат како може некој да е воркохолик плус посветен толку на науката а да е тетовиран и опуштен да разговара отворено на секоја тема. мислам дека баш поради тоа и многумина научија дека некои работи се дознаваат кога ке го спознаеш човек. а онака што ме прави чудна...хмм..можеби јадењето стоејки, додека гледам тв или читам книга истовремено.
Колку само ме погоди со постов....Боже...Единствена разлика е што не гледам ТВ....Thanks пријателке за постов
Чудна сум зошто секогаш во ташна носам антибактериски гел. Кога ќе излезам од автобус, од јавно wc, кога ќе излезам од кафич... го употребувам. Дури и пречесто. Чудна сум што гледам серии, и се соживувам со истите. Па вторник и петок не сакам никој да ме вознемирува. Чудна сум зошто им викам на луѓето пред мене да не пукаат прсти, да не се фаќаат за патец на коса, и да не ги копаат тие кожичките од страна кај ноктите. И сите знаат дека пред мене не смеат да го прават тоа. И најчудна сум, зошто неможам да заспијам ако плакарот ми е затворен. Ги оставам двете лизгачки врати споени на средина, така што и од двете страни да ми е подотворен. Едноставно така се научив.
и јас со тетратката исто.Ја завртам и пишувам.Деснак сум не сум левак. Другарките се чудат кога ме гледаат со искривена тетратка. Чудна сум што можам пред некого да се правам толку добра и наивна а всушност го мразам од дно душа. Но тоа не значи дека не можам да бидам пријателка. Чудна сум што секогаш очекувам нешто од некого. ма и да е едно здраво ако не ми го каже се чуствувам запоставено.
Чудна поради тоа што не се владеам по норми и правила.Кои правила?Правилата кои луѓето ги наметнуваат,а во исто време истите и не ги почитуваат.Чудна,затоа што сакам да живеам онака како мене ми е добро ,а не на другите.И само затоа што не гледам „Ѓумуш“не гледам „Малата невеста“не гледам „Кога лисјата паѓаат„...заборавив некоја?Оти со мојот сопруг било каде, и секогаш сме заедно.Оти имам интереси за Јога,оти пишувам поезија...У ствари јас воопшто и не сум чудна,чудни ми се луѓето кои секогаш гледаат кој што направил...дали тоа го прават поради сопствениот неуспех незнам но,многу ми се чудни
Чудна сум што нема да седнам и да правам листа за рандом работи од моето секојдневно однесување за да испаднам уникат? Не? Ок... Ноу офенс. Секој е колку-толку свој, ама обична и смешна карактеристика која ја поседуваат уште 23454867 луѓе, не ме прави чудна. Кога ке станам карактер од X-Men филмовите, е тогаш може да се навратиме на темава.
Спојлер Jaс молиот/пенкалото не го потпирам на вториот прст (како на сликата во спојлер) туку на третиот Цимерката секогаш ми се смејт за то
Колку знам да сакам. Не можам више да го слушам тоа. Како можеш Тедигреј толку силно да сакаш? Епа можам.
Чудна му сум на другите бидејќи имам мн реални сваќања за работите, не летам во облаци и стојам мирно на земја...а тоа е благодарение на мн психолошки книги кои сум прочитала и на кои им сум благорана сто ме направија ваква личност!
me pravi cudna toa sto nemozam da zaspijam ako vo sobata ima otvorenno vratnicka od skaf ili fioka ili pak ako vratata na sobata ne e zatvorena se sucuva duri i taka da me budat mi otvaraat fioka ili vrata i jas se budam samata na sebe sum si cudna a i nikoj drug ne moze da go sfati toa )
Многу сум тврдоглава, зборувам на нос, мајка ми е фризерка а никогаш не сум исчешлана и средена. Можам да јадам колку шо сакам и нема шанси да се здебелам. Феминистка сум, А БИГ УАН ! Знам шо сакам, си имам свој стил на облекување, свои критериуми за се во животов и ретко праам компромис. Мрзетина сум али се трудам да си го сменам тоа. Сакам да правам работи шо не се вообичаени и се трудам да не сум предвидлива. И така. ))
Имам 2 глави, 3 раце или измислив топла вода. Тогаш би рекла - Чудна сум. А има и зашто. А ова е чиста фора која најчесто Ви ја кажуваат некои кои сакаат да ве направат малце ПОголеми, као демек ти си феномен, единствена си и сл. Толку.