Темава е чудна Ништо не ме прави чудна , нормална сум во секој поглед така јас си се гледам - а другите како ме гледаат нивни проблем
Фактот што сум жаба, со манири на nice doggy, нарав на коза, а уствари wanna be кравичка на Милка, која се дешава да доживее и посериозна идентитетска криза, па се замислува дракон и блуе огин. Коа ќе видиш свита сме ти сосем нормални забегантуси.
Па јас целосно важам за чуден човек, незнам зошто, сите така ми викаат. Чудна сум била што премногу сум размислувала за банални работи. Чудна сум била затоа што некогаш не сум престанувала да зборам, а некогаш не отварам уста. Чудна сум била затоа што станувам рано само за да јадам, а потоа назад во кревет. Чудна сум била затоа што сум се радувала на месечината како мало дете. Чудна сум била затоа што сама сум се шетала. Чудна сум била затоа што сите кучиња скитници во градов оделе по мене. Чудна сум била затоа што сум им викала добар ден/утро/вечер и на непознати луѓе. Чудна сум била затоа што сум имала биполарно разположение, а и размислување. Чудна сум била затоа што ..................................
Прво чудна сум им ради портокаловата коса. Ем е густа ем е остра ем е бушава - ем портокалова. Чудно им е како може да сум трета година средно, они очекуваат да сум некое одделение. Чудно им е оти не пијам кафе и не јадам месо, оти сум левучар. Оти цел живот слушалките ги немам извадено од уши. Кога сум расположена а сум по дома обавезно една портокалова марама на глава мотам и чудно им е. Чудно им е оти ставам по една лажица кисело млеко у чајот. Абе,мене све то ми е сасвим нормално шо ги ебам нек им биде чудно
Што ме прави чудна? “Ме боли главата ко обрачи околу неа да вртат и да менуваат брзини“ или пак.. “Во стомакот ко наковалната од Том и Џери да ми паѓа“ Чудна сум затоа што секогаш кога некој зборува после секоја реченица го прекинувам со “И?“ *ова кога ми е досадно .. и друго не ми текнува
Тоа што наоѓам позитивна нишка дури и во најморбидните нешта . Што пцујам ко кочијаш. Што знам да им речам фак офф на тие што ми се мили во моменти кога тоа не го мислам ,додека по инерција им ставам амин на сите кои ми се дојдени преку К**. Стилот ме прави чудна ,начинот на кој комуницирам со луѓето ,моите афинитети... А не сум ,знам дека не сум ,само чудно е општествово што не умее да прифати и испочитува шареноликост .
И јас сум чудна. Причина-непозната. Па не би биле чудни ако конкретизираме што е она што не прави чудни , нели? Чудното е апстрактно. Јас не би била чудна ако кажам дека тоа што ме прави чудна е моето чудно и чудесно замаено понашање или чудниот црн чудесен сончоглед меѓу забите?! Ако кажам дека сум чудна баш поради нешто што воопшто не е чудно-контрадикција. Не сум чудна. Чудна сум затоа што сум чудна- најглуп, но во случајов најдобар одговор. И не сум наспана. Сонот упм ми појде.
чудна сум бидејки постојано се смеам,колку и да ми е тешко,бидејки се ми е смешно и на се возвраќам со насмевка.нон-стоп сум расположена и весела,и во најтажниот момент наоѓам причина за насмевка...
Чудна ме прави начинот на кој размислувам и дејствувам. Чудна ме прави начинот на кој се облекувам. Чудна ме прават некои мои мисли и идеи....
Чудна ме прави позитивноста. Можам да се смеам на се, па колку и да ми е тешко. Чудна ме прави стилот. Чудна сум затоа што јадам како стока! Чудна сум затоа што се изразувам повозрасно (јас ова не го сметам за чудно, али еве, школските да..) Толку. Не сум многу чудна. Само спешл. Чудна не.
Се што си сонувам се исполнува(освен самоубиствата на некои луге ) ; Ги мрдам ушите Ретко слушам песни Најчесто си ќутами си летам со мислите На моменти тропам глупости Опасно месечарам и дрдлам во сон... (секоја вечер)
Ме прави чудна тоа што:-Мразам дожд!Стварно многу го мразам А другото за храна,музика,мода...е само вкус Не можеме сите да јадеме грашок или да слушаме еден тип на музика
Ме прави чудна самото тоа што расположението ми се менува прееемногу брзо, дури дечко ми се нервира и ми вика не можам да те стигнам, на момент се смееш, другиот момент веќе си намуртена ... јбг, чудна сум!
Ме прави чудна тоа што сум 22 години а имам 1.47 см. и 36кг. па сите ме сметаат на 7-8 одд. А ко ке им кажам дека имам 22 вакви остауваат
Тоа што сум најгласна и секогаш имам надеж и цврсто стојам на земјата! Тоа што ако сакам можам се! Тоа што од една страна сум ангел а од друга ѓавол.
Пегите би рекла посебна не толку чудна Мојата омилена музика, Џез не се слуша веќе ич па скоро сите креваат веѓи, да сакам џез и си слушам, ми ја храни душата. Не јадам мандарини, јадам портокали Кога читам списание мрзам кога пред мене некој ќе ги свитка страните Во веце морам да читам нешто макра е тоа етикета на шампон ...и уште некои ситни работи на кои самата себе си се чудам, зашто но немам одговор