Понекогаш што и да ми збориш јас сум мртва ладна како ништо да не сум слушнала,ама некогаш и за едно глупо зборче можам да се раздерам...ама ми згазат на нервот. Секогаш сум истрајна и си стојам на зборот.Понекогаш знам и да бидам како ЗАМАЈАНА..се ќе направам само целта да ми се исполни. Нема пречки за мене. Сум ја сфатила смислата за постоењето.
мојата радост и тоа то сакам да ја покажам но другите се лјубоморни и ме праваат луда ама многу гаиле...
Однесувањето,размислувањата,карактерот. И самата си забележувам дека сум чудна и различна од другите.
тоа што знам да си бидам човек од збор(што денес е реткои веке чудно) тоа што знам да сакам и незнам да лажам( што тоа денес е навика за лажејне) тоа што не се мешам ви ницив живот и што си го гледам мојот живот.. тоа што се трудам и правам да е она вистинското..
Моите размислувањата! Заради начинот на кој гледам на нештата и на она што треба, а што не треба да правам во животот, другите луѓе ме гледаат како да сум чудна...
Некои особини во карактерот, свои принципи, критериуми, специфичности... си имам свој печат, но тоа може да им биде чудно на некои што не размислуваат така. Како што различните од мене ми се чудни, така и ја нив. Тоа е, така одат тие работи. А карактерот си го сакам, тврд ми е! Непроменлив во принцип, и стојам зад своите постапки, им се допаѓало тоа на луѓето или не. Барем ме почитуваат, повеќето. Терсене карактер, знаат да ми речат.
Променливото расположение .. 5 минути сум насмеана, 5 минути сум тажна, 5 минути нервозна .. знам од еднаш без никаква причина да избувнам и да го направам лом тој до мене (дечко ми знае најдобро ) .. а да ме прашаш зашто, не знам ни сама ..
Што сум многу open minded...Ладнокрвноста,ретко покажувам чувства за нешто.Што само зборувам за машки,а уствари само со еден се имам смувано,па чудно им е како некоја што цело време зборува за машки само еден имала до сега .Што знам многу повеќе работи за сексот од моите врснички и постарите од мене,дури еднаш другарка ми која има 23 години ми се чудеше од кај знам јас работи кои ни она не ги знае Море доволно е што сум водолија,тоа ме прави најчудна од сите,никој не може да не сфати нас
Не се шминкам, за разлика од врснички на моја возраст кое тоа им е опсесија, не носам штикли.. дури ни по 5cm.. се смеам ко ретардирана Eте, и горда сум на тоа!
Чудна ме прави тоа што сум секогаш,ама баш секогаш насмеана.Без оглед што ми се дешава мене во животов,и кога сум најтажна се обидувам да бидам барем малку насмеана.Секогаш се смеаам,и сите ми се чудат поради тоа.Друго чудно ме прави мојот специфичен карактер,сум многу поразлична од другите.
Па видете, јас себеси не се сметам за чудна и не ми ни треба таква етикета. Прво, сметам дека секој човек си има свој печат, секој е посебен на свој начин. По начин на облекување, зборување, мислење, однесување. И сите живеат во свои светови и сите се тешки фрикови а после ко ќе споредиш и не е се така различно зошто сме сите луѓе. Сите се нормални и не е ова навреда (како што го сфаќаат некои униформирани хипстерчиња). Ова е отворено размислување, open minded ма како сакате зошто секој со својот живот, со својот карактер е приказна за себе и тоа е она што не прави нормални, посебноста. А да кажувам колку сум чудна, па не... Исто како кога кажувам дека сум скромна, го докажувам она сосем спротивното.
Што не ! цела си сум чудна ама убаво ми е Чудна сум што немам ни едно парче облека еднобојно Чудна сум по начинот на облекување Чудна сум што не јадам половина од сите јадења на светов Чудна сум што не пијам кафе и Кока Кола Чудна сум со својот вкус Чудна сум што од сите универзални лепотани мене ни еден не ми е убав Чудна сум што најчесто ми се допаѓаат работи што на никој од целава планета не му се допаѓаат Ете колку сум чудна ! Уште сум чудна ама друг пат