Не знам дали луѓево трчаа на маратон јер им е предизвик или за да можат да се пофалат на социјалниве мрежи.. #прашањаштомемачат *Дискусија преместена од темата СДК
А што има врска ако им е и заради пофалба? Битно направиле нешто здраво за себе, па макар трчале и десет минути само. Не мора за се' да се мрчи.
@John Snow Балканците за да се фалат,а другите јер им е предизвик. @Purplelilac Па,и за мрчење е.Мора ли цел свет да знае дека трчале на маратон?
И јас сум направил нешто здраво за себе па еве не отекувам веќе втор ден со слики,сториња. Мислам океј е чил
@nextredstyle @John Snow Какви се' други глупости се објавуваат на социјални мрежи па ги толерираме. Барем позитивниве ствари не би требало да ни пречат, ама изгледа до нас е.
Точно! Еве,јас се движам,вежбам малку,ама не турам фотографии на ФБ и Инста. @Purplelilac Фалењето пред широката јавност пречи.Друго е кога си споделуваат само со роднини и пријатели.
Трчаа и по мојата улица. Леле,да ги видеше некои... Дигнати,наместени фаци дур трчаа. Ѓоа за Вог ги фотографираа.
Па има и такви кои позираат, ама претежно машки се. Изгледа тука е проблемот за тебе, ти фалат и девојки во таа група на „маратонци за сликање“
Селфиња и фалби најмалку ми бодат очи. Одредени ставови, цитати, или твитови, може да направат да отследам/блокнам некого.
@John Snow Зборот ми беше дека социјалните мрежи се' повеќе ги користиме за мрчење. Е сеа има мрчење кое е и реално оправдано за некои бисери што секојдневно ги читаме, ама понатака го пренесуваме и на вакви нешта како маратонов на пример. И јас не сакам фалење, ама ако бирам што би сакала да гледам на news feed пре би избрала некој да се фали дека трчал на маратон отколку на пример да читам долгометражни постови за политички партии (периодов баш актуелни). Инаку јас спомнав дека повеќе машки се сликале, ама шала беше затоа и има смајли. Не дека ги броев колку машки во споредба со колку женски ставиле слики.
@John Snow, а тие што се со медали мора во уста да ги пикнат, да ги гризнат при позирање Не ми смета, само сум приметила, има и лајт мајтапи за тоа Инаку ми боде очи само неписменост, говор на омраза и теории на заговор (често и заедно идат овие три)... Друго воглавно ништо озбилно не ми пречи, колку сака нека споделуваат луѓето, може некој сеир да се мавне на модерни mamicki што претеруваат ама да ме нервира - не...
Искрено, да успеам да истрчам цел маратон, не на фб, на билборд во центар ќе се ставам за да се пофалам Илјадници селфиња од искачања и пијанчења и глупости, а за маратонов има најмногу хејт. За слика или не, супер е што има толку луѓе кои трчале.
Е ако би бирал меѓу тие и маратонов и јас би ги одбрал маратонциве, искрено @Someonespecial За тие посебен круг у пеколот
Супер мамичка што покажува како разговара на смартфон додека му менува пелена на бебето,Спенџи со истата шминка 2-3 дена,политичариве со разни ветувања,тинејџер или младич што ја испосликал колата купена од тато со предлабоки џебови... Има материјал за мрчење...
Ништо не ми боде очи од моменти од животот кога си споделуваат луѓето, само кога ќе почнат да забегуваат со политика тогаш отследувам.
Секoгaш кoгa ми сметa нештo некoј штo oбјaвувa oдмa гo бришaм/oдследувaм. Амa нaјпoвеќе ме нервирa кoгa ќе излезaт вo дискoтекa и еднo 788652 стoрињa ќе стaвaт, и не мoжaм дa рaзберaм oтидени се зa дa се зaбaвувaaт или сите дa видиме декa се излезени и кoлку "лудo" си пoминувaaт. Истo и тие штo снимaaт лaјвoви без рaзликa oд штo дaли oд излегувaње или сл. Пo глупa oпцијa oд oвa сo лaјвoвите не мoжеa дa смислaт и стaвaт.
Мене па не ми боде очи речиси ништо по интернет. Освен неправилен англиски (подобро не го користи ако не знаеш) и слики од партии, тие УМС и слични здруженија, глупости и трескања за некои политички “лидери“. Иако речиси ваквите ми се отстранети од интернет имам неколку што се познавам и ми се онака поблиски, па се обидувам и тоа да истолерирам. У принцип не се замарам кој што објавувал ако нешто ми се допаѓа лајкам, ако не само го скролам набрзина и тоа е тоа. А вакви слики од маратон па ич не ми пречат.