И кај мрне имаше такви еден куп. Мене порано ме иритираа неколку пријатели на фб, што се знам со нив и лично, кога ќе отидеа во некоја дискотека и лајфови фрчеа на сите страни, ко да биле во Њујорк во дискотека, а не во Гевгелија.
Мене не ми пречи ако објават 1-2 фотографии од трчање или парти во клуб/дискотека,ама цел куп фотографии со дигнати фаци,демек еве што сум и што можам,е премногу.Не чини толкаво фалење!
Не верувaм декa единствен мoтивaтoр дa тренирaш, дa се стaвиш вo фoрмa и дa истрчaш мaрaтoн ти се сликите, лaјкoвите и фaлбите. Пa дури и дa се...сепaк честитo. Мoже мaлку нa психoлoг требa дa oдиш aмa еј, бaр си вo фoрмa и прaвиш нештo дoбрo зa себе и пoттикнувaш други.
Одма ќе познаеш некој дали се фали или постира онака без намера да се пофали пред другите луѓе. 5 дена треба да ти е пријател на фб за да го видиш тоа. Кај мене на ѕид само глупирања гледам, но не можам да ги избришам бодејќи баш тие што се глупираат ги знам и лично.
Кој што прави и како се слика и за што се слика не ме интересира. Се тоа се ваши мислења проценети според слика. Мене ми бодат очи глупи коментари како на пример: "Зошто го купи, зошто го продаваш, зошто правиш ова, зошто правиш она". Продаваше некој фиќо, old timer го средил дечкото, вложил пари за некој да му пише коментар "Може да го смениме за скара?" Исто така ми боде очи кога Македонче се плука меѓу себе на статија за политика. Боже мој помози. И за крај - Порталиве се . Уредниците се неписмени, насловот гласи "Нема да верувате со кого ја варал Душко, Јелена", потоа отвараш линк една реченица. И мислат завршиле голема работа. "Диета за 5 дена, ослаби 5кг со јајце". Глупоштини
Има една опција Unfollow/Unfriend и многу помага. Исто и hide опција за поблиските. Раат главата. Ако ви бодат очи Спенџарска, Лила, Мелита и ред други за вас лично и не толку битни јавни фаци кои не ни знаат дека постоите, зошто воопшто ги следите побогу?! А инаку највеќе ми смета тоа што нема веќе приватност кај луѓето. Премногу експонирање на социјални мрежи што лично за мене е невкусно и непотребно. Мислам дека порано растевме и живеевме посреќно бидејќи се фокусиравме на тоа да живееме и да уживаме во секој момент а не на тоа дали ќе испадне добра сликата за на фејсбук и инстаграм и колку лајкови ќе собере. Се сменија времињата. Но сеуште стојам на тоа дека оние кои најмалку се активни и не постираат слики од сите можни случувања од животот всушност живеат најубаво и најсреќно далеку од очите на сите љубопитни ликови кои висат 24/7 на интернет.
Ништо не ми боде очи. Секој си ги користи социјалните мрежи за целта за која тој си ги наменил. Ако нешто ви смета, значи дека не сте си го средиле профилот доволно. Фејсбук, посебно, ми е одлична платформа и за информирање и за поврзување со луѓе со кои делиме исто цели, идеи и мислења. Остало не ме интересира. И супер ми е. Инстаграм ми е исто за информирање, ама полајт опција, за дестинации и убави слики. И така, нема кој да ми смета.
Колку што е точно, толку и не е. Јас на пример заработувам од фејсбук, а меѓу другото го користам и за да дознаам новости, информации и да научам нешто. Додека некои го користат за да собираат лајкови и да гледаат што прават другите.
Истото за заслужена почит го мислам и за оние кои имаат профили,но кои и разумно ги користат. Едно е чесна заработувачка и искрена дружба,друго е смислено фалбаџиство.
Најмногу ми бодат очи негативни коментари кои можат да бидат ПРЕМНОГУ навредливи. И луѓето шо ги лајкаат тие коментари.
Што ти текна за маратонот сега!? Прекрасна манифестација, супер организација, учество на 12 држави, илјадници учесници...па и да се пофалел некој учесник, барем има за што. Ништо не ми биде очи
Денеска ми боди во очи на социјалниве мрежи што секој пред да оди да гласа споделува статус како демек сега одел да гласа и тоа партиските ботој че си исполајкаа меѓусебе... се осеќам црна овца.
Ме нервира што ќе ме follow-нат. Нема пример да ги фоловнам бек и ќе ме тргнат.Или ќе добијат фолоу бек и ќе ме тргнат после некое време. А и вака и така сум паблик и ми ги гледаст сторињата. Ич не ми е битно дали ќе имам 1 или 1001 follower ама глупо е. Иначе вака ништо не ми смета освен ако не ме тангира мене лично.Нека си праи кој што сака
Не користам соц.мрежи. Всушност, фејсбук користам но, само за да сум дел од многуте групи приватно и работно, инаку ни слики ставам ниту имам пријатели, ниту сум лајкнала страници или да коментирам нешто. Единствено по хоум пејџ имам рекламни статии кои не ги скролам воопшто. Инстаграм деактивирав лани, а ни ватсап и сл, ниту пак сториња гледам. Повеќе време поминувам сега веќе тука, ако се рачуна фемина за соц мрежа. Сума сумарум, ме нервираше лажниот живот што скоро сите го водат на фб и инста па сега мирна ми душа
политичариве највеќе ми бодат очи, ми е смачено веќе да ги гледам како секојдневно се натпреваруваат со нивниот висок левел на глупоќа...
Во принцип ништо не ми смета и секој си е одговорен за тоа колку од својата интима ќе пласира на социјалните мрежи. Не го оправдувам само претераното објавување на слики од деца, заедно со локации и информации од типот каде оди во градинка и слично, посебно на јавни профили. Ретко може некој од социјалните мрежи да ме воодушеви, а уште помалку да ми предизвика љубомора. Сите знаеме дека се она што ни е пласирано е внимателно одбрана и филтрирана содржина, а често пати нема допирна точка со реалноста. Јас не сум тип што многу постира. Најчесто ставам слики на стори на инстаграм и тоа од кучето, ако отидам на патување и евентуално некое селфи на месец- два. Порано и од храна, но веќе не. Често добивам коментари дека треба почесто да сподлувам или да се пофалам (буквално со тие зборови). Не гледам причина за тоа. Сите мои блиски ги имам на viber, па ако сакам да споделам некоја битна работа со нив, тоа го правам таму.