Значи стварно боде очи тоа што кој стигна има профил на фб од 7 (нормално и на уште помали им прават профили)до 77 и се понашаат како некои велики "селебрити " И да,од интернет ништо друго не знаат освен фб ,битно таму да се главни фаци
Мене очи ми бодат заедничките профили на брачни парови. Кога ќе видам пр. Соња Данчо likes your photo omg Смешно, пресмешно ... како и да е ништо лошо не прават со тоа, а се додека е така може да бидат смешни колку сакаат. Постојат опции за се.
Ми боде очи што секој стана блогер, јавна личност итн. на инстаграм. Убаво вика Сергеј (не го сакам ич ама некогаш е во право) што блогуваат тие личности, дали тие знаат што е блогер? Ми боде очи што користат еден куп апликации за едитирање на сликите и создаваат лажна слика за себе, а притоа луѓе дома се јадат себе си што не можат да имаат такво чисто лице или убаво тело. Инстаграм се претвори во лажен, совршен свет . Ме нервира се што е поврзано со политика. Колку и да не сакам да следам такви профили упорно ми излегуваат од некаде. И најмногу од се' ме нервира сајбер малтретирање. Толку ужас и омраза собрано на едно место, страшно .
Ми бодат очи сите тие видеа на кои стискаат мозолки и други кожни израстоци и од нив извира некаков исцедок. А последно време ги има многу. Зошто побогу се снимаш додека стискаш мозолка од која прска гној?!?!? Да, сите стискаме мозолки по дома пред огледало... и не, не мора и светот да гледа. *смајлиштосекрсти*
Многу работи. На врв ми е неписменоста. Ко да се прости пишуваат се и сешто, ќе филозофираат до утре а речениците врска им немаат една со друга. Или пишуваат некој статус на англиски, некој урбан стил, а пишале повеќе грешни зборчиња од точни. Ми смета и глумењето. Сликани на најновиот модел на кола со шампањ во рака, утнат фотошоп за да личи ко да има поголем задник итн.. Ми сметаат статуси на политичка или верска база, затоа што сакале-нејќеле пропагираат омраза и предизвикуваат расправии и навреди. Поготово кога некок 15годишен ќе пише нешто а уствари не може ни да гласа. Е, и вулгарност ми смета.
Мене тие видеа ми се омилени за гледање, може звучи чудно ама мене ме опуштаат, на инстаграм дури следам страна кај што објавуваат постојано видеа со стискање мозолки и црнки.
Првенствено социјалните мрежи и интернетот воопшто ги разбирам како места за мотивација, извор на ветер у леџа за работи кои сум сакала да ги направам, а сум немала храброст или воопшто не сум се сетила за тоа и сум добила идеа. Исто така јас научив да готвам од нет. Сакам мафини, отварам чекор по чекор и ете ти вкусни мафини. Лаптопот го имам поправано од турториали на јт, еден куп ташни за на плажа, украси за дома, честитки, нокти, фризури и што не си имам направено со идеи добиени благодарение на социјалните мрежи. И сум дала нешто што мене не ми треба кај луѓе на кои што им е потребно и за тоа дознав од нет. Сега, некој би рекол се фалат дека помагаат, јас гледам од таа страна дека даваат идеи за друг да помогне. Исто и овие со маратонов. Не ги гледајте ко пофалби, гледајте мотивација во нив, сепак истрчал еден цел маратон, повеќето од нас ги мрзи до продавница да одат. И за партиите муабетите и кавгите не ми сметаат, сакам разновидност, секакви луѓе, не би сакала цел ѕид да ми е со музика од Бах и Моцарт, ако гледам 146 селфи слики од една личност скролам само терам, ни бришам ни на ум ставам веќе, никој ни смее ни може да ги смени луѓето ни имаме право да кажуваме што е правилно, за вас е ширење позитива и музика низ социјални мрежи најточно, за нив вие сте незаинтересирани будали што ги боли такво што државата пропаѓа дури тие се борат за неа на пример(тие така си рзмислуваат) и така секој си е на свој начин во право и секој нека си тера свој филм на свој профил.
Мене ми боди очи тоа шо една слика ја стават на фб па на стори нс фб, на инста и на стори на инста и на снап...мислам која е поентата? Јас немам ни инста ни снап само фб т.е мсн и тоа е тоа. Не се замарам иако сум млада. Ама среќа овие денешни генерации со помош на овие социјални мрежи можат да се чувствуваат популарно. Јас ја немам засега таа потреба. Не зависам од ништо. Со тие што сум блиска знаат каде да ме најдат и тоа е тоа. Не знам каде оди светот со интернетот ама знам дека не е на прав и вистински пат. А од дрига страна има толку позитивни и убави работи каи можеме дс ги научиме баш од него.
Женски инфлуенсери и машки фитнес тренери Секое женско со над 1к следбеници станува инфлуенсер, а секое машко после две недели поминати во теретана станува фитнес тренер со многу големо искуство Дополнување: Коа ќе видам некој како стаил на стори како вози кола и во позадина некоја сељачка песна...
Навикната сум да гледам слики од излегувања, па на стори кратки видеа да се долови атмосферата, иако стварно никогаш ништо ни се слуша ни се гледа. Она што според мене не е во ред е тоа што се објавуваат слики од мали деца што ги влечкаат со нив на митинзи, па ги снимаат како кажуваат некој слоган од партија или па нешто што некој политичар често го кажува. Мислам, не ни знае убаво да зборува детето, а веќе го снимаат додека кажува нешто што ни само не разбира што значи, па после ,,гордост мамина/татина, патриот од мала" и слично. Не, не е успех ова и не е во ред да се вмешуваат деца во вакви работи. Ионака цел живот ќе слушаат за политички проблеми, конфликти и сѐ друго. Имав неколку личности што дневно мора три селфиња да објави, настрана други слики на стори, па или кликнав unfollow или ги избришав. За простачки коментари и клетви на статии со трагична содржина поврзана со нечија смрт или друг негативен настан да не зборувам. Најгадното од себе го вадат во коментарите.
Не сум хејтер ама има некои работи кои неизбежно е да не бодат очи. Прво - неписменост. Без разлика на кој јазик е, дали македонски или англиски. Кога ќе видам некои кои сосила се обидуваат да пишат нешто на англиски со ужасна граматика преведено буквално од гугл транслејт. Друго, оние што се препукуваат, колнат и се пцујат до 10то колено на политички статии само затоа што се на спротивни страни, а воопшто не се познаваат. За слики, линкови кој како си објавува не коментирам, секој си постира што сака. Само не можам да ги сварам оние што постојано постираат за политика и ништо друго. Па дури и децата си ги клаваат во политички маици. На Инстаграм ми сметаат оние што објавуваат 1000 сториња кога се во викенд излезени или на концерт со прелош квалитет на звукот, оние со ask (welcome back to 2012 кога беше актуелен аскот со анонимни прашања) што исто така одговараат на секое прашање посебно а ги има премногу, и најголемиот дел не се прашања туку се: "срцка моја, најубава си, те сакамм". Ама има едно магично копче mute story за да не ја отследувам личноста (и ова зависи) и раат сум од такви (засега). Потоа, live снимање. Не можам да сфатам, з о ш т о би (се) снимал некој во живо? Сториња и слики од кафиња, секојдневен живот, парови, цитати, животни, умерен број селфиња и сл. се оние работи што воопшто не ми сметаат и мислам дека нормално е некој си да сподели такво нешто. Сепак се социјални мрежи. Инаку, и јас се пријавувам во чудаците кои обожаваат да гледаат стегање мозолки и црнки и кога излегува она белото. Guilty pleasure ми е.
Најмногу ми боде очи кога ќе остават слики од голи деца. Среќа ретко се случува да начекам, ама коса ми се крева. Претежно преку лето од одмори, мориња, базени или крштевки...Трас ти излегува слика од голо дете. Последно кога ми излезе слика од крштевка на две голи сестри, искрено не знаев дали лајк да ставам, дали да ги бришам, дали да плачам... Дури и само газето да се гледа е невкусно, а не па плус да му ги гледаш интимните делови на дете кое е исплашено и плаче. Без коментар. Врие од педофили и злобни луѓе. Не знам како не сфаќаат родителите, па си ги покажуваат децата голи како од шега. Сликата лесно може да заврши во некоја педофилска група. Друго што ми боде очи се луѓе кои насекое споделуваат мудри мисли или напнуваат со политика. Не ги бришам од пријател, туку ги отследувам за да не ги гледам. И трето, тие што ги познаваш во живо дека се пред развод, се изневеруваат со кого стигнат, а по интернет глумат среќни и весели. Не знам кого лажат освен сами себе, ама нека...
Политика Деколте до стомак, напречен газ, обавезнооо МАшки како мн "вежбаат" во теретеана сликани горе голи, кој има појак мускул Објавување се шо треба и не треба, која кога јади, шо јади, па шо пие, па кога моча, па како моча, заби се мие, па да видиме шо направиле ручек каков, па слатки, па нз шо. Оти ние другите шо не објауваме ни правиме нешто,ни јадиме