Леле ептен има за се' и сешто. Сфаќам да се рекламира нешто што сум гуглала, нели, ама работи онака неповрзани со ништо што ме интересира. Башка оние fast fashion претпоставувам оти мои пријатели ги имаат лајкнато, Зафул, Дрес Лили, Фешн Нова и многу други...
Коментарите од типот: ЦЕНА Цена Cena на било кој продукт објавен од македонска страна на ФБ. Анти-ваксерски движења и настроени индивидуи со диплома од University of Google, шо веруваат повеќе во она што ќе го прочитаат на постови со по 73628 лајкови од “инфлуенсери”, отколку во тоа шо ќе го кажат лекарите.
Искрено ми смета и неписменоста на 90% од популацијата која ги користи. Едвај разбирливи коментари. Слики од слави и трпези со јадења и коментарите долу bravo trajka prava domacinka ne zadzabe Stole te zema za zenada mu bides.
Порано секој втор акаунт на инста беше JANAMAJANOKTI, сега ново MAKEUP_BY_JANAMAJA. Па поготово кога ќе видам како шминкаат и јана и маја, не очи да ми боде, ми се превртува желудникот...
Објавите за барање на надри-лекарства (а, нормално, не барање помош од стручно лице), неписменоста, огласите, рекламите (ми се гади од нив), и со Story почнаа да замараат више, објави без никаква дискреција во приватниот живот, да се објавувало се’, откако ќе стане од кревет, утринското кафе, па до ручекот, десертот, домашното цвеќе, милениче, вечерата, се’ до одење на спиење, некоја фотка у пижама... Нема лезет више.
Хаххаха. А убаво е објаснето во постот дека за цена треба да прашаат во инбокс. А во некои постови ја пишува и цената.