не мора за се' да се мрчи, но малку е веќе outdated, ерго смешно. Па сите се испосликаа како трчаат, половина со рацете кренати у вис. Ама кој како сака може да си прави, секако, ние само искажуваме мислења.
Или кога има распродажба на кондури. Си пишува под сликата кои броеви ги има, а тие упорно бараат друг број.
Ништо не ми смета зошто уопште не сфаќам ништо сериозно. Отследувам/блокирам/воопшто не ни заследувам профили кои со својот контент можат да ме изнервираат. Смешни ми се сите кои коментираат ‘го сакам кам во поштенско сандаче’, игнорирам профили како мојафитнесмама на пример која треба повеќе да се посвети да биде мама отколку фитнес проповедник. Интересни ми се сите кои шернуваат мисли од ‘Семе Синапово’, прашања за цена на вц шолја кога всушност се продава огледалото од сликата кое се наоѓа над шолјата. Единствено еве што може да ми смета се негативности и ширење на лажни вести, тоа не сакам да гледам ни читам.
На Фејсбук све ми боде очи. Почнувајќи од статусите за вселенски летала што сакале да не уништат и сликаат звезди на небо, групите како мајчички женички на кафе, каде што зборуваат дека јачменче на око се лекува со триење на окото со невестински фустан, главоболка се лекува со баење. Ми бодат очи насловите на сите корупирани, одвратни медиуми, што не делат луѓето на вакви и такви, ми бодат очи и луѓето што всушност веруваат и коментираат на тие статии и се пцујат во коментари. Аман Ги заборавив тие што пишуваат Амин под некоја слика од Исус, исто и оние што пишуваат Стоп за 5G ( џига )
Најмногу од се ми бодат коментари од типот: ,,Цена ве молам". А уствари цената ја пишува погоре на сликата. И сите оние што шернуваат слики со икони и би пишале: ,,Амин", ,,Потребен си ми да"......
Во последно време кога си честитаат роденден со слики на стори и славеникот прави share на сите слики кај шо е тагнат Сторињата ————————————————————— вакви.
Тоа што некои луѓе на инстаграм сто пати те заследуваат и одследуваат ако не им ставиш follow Ко деца некои следачи си збираат..
Имаше едно меме за ова, као „If I follow you and you don't follow back, then I unfollow, you ain't no celebrity bitch.“ АХААХ