Во последно време (крај на 2019 и 2020) приметив дека сите “познати” девојки на Инстаграм сакаат да изгледаат исто: полни усни, закосени очи и истакнати јаболчници, исто како оние филтерите на стори. Најмногу што ме шокираше е последниот пост на Клои Кардашиа кај што изгледа целосно поразлично, како описот на лицето да си го сменила да изгледа вака. А и повеќето девојки што сум ги приметила на Инстаграм имаат правено операции (а можеби и не) за да ги добијат овие карактеристики на лицето. Според мене ок, убаво е, но не за сите. Вака ми личи како да се произведени во некоја фабрика и се iPhone меѓу девојките. Буквално имам чувство како тие што изгледаат вака да се најпопуларни по социјалните мрежи. Јас мислам дека не е убаво да го прават сите ова, се губи уникатноста. Што мислите вие? Го имате ли приметено ова?
Го имам приметено тоа. Се губи некако природната убавина на жената, иако има и исклучоци и тоа доста. Тоа си е нивно право, ама јас таквите ниту ги следам на инста, ниту ги имам на ФБ, сите ми се на игнор...
На почеток ми излегуваа, ама сега дека само животни, природа, нешто околу храна гледам, ретко ми се појавуваат таму. Ама и да се појават некои, па претежно се окк девојки или жени, ретко извештачена..
Ми смета тоа што стандартот за живот и убавина е нереален. Не ми е јасно зошто стана нормално да си пун со силикон на 20 години и да одиш по луксузни одмори секои месец ?
Предрасудите, навредите, неинформираноста, пристрасноста, оправдување на насилство... итн итн. Исто како и офлајн.
Оние со напрчени муцки што кичма кршат кога одат и пеат фалш на инста па го тагнуваат пеачот/ката. Не ги следам,али во search кога ќе ми испаднат косава ми се крева. Една блокирај,тие секојдневно уште повеќе се котат
Нетолеранцијата, несфаќањето дека секој си има право да прави што сака, несфаќањето дека ако некој ти пречи 2 клика се решението. И PETA style animal lovers. Неподносливи врекачи дека ако кучето лае на погрешен начин, тоа е знак на animal abuse.
Тоа што се објавуваат слики од икони, а во коментари "Амин". Тоа што не се внимава на изразувањето. Тоа што ретко кој користи мкд фонд. Тоа што пишуваат со големи букви. Не користам одамна фејс, и сигурна сум дека ова уште се нема променето.
Едино само што на фб ми смета опцијата јавна соба..мислам дека тоа не би требало да го има воопшто. Тоа не треба да постои, и кога ќе видиш крај краева и фб више не е сигурен да го имаш
Има промени, амин веќе не пишуваат, за со кирилично некои пишуваат, некои не, зависи кој/како, на изразувањето се повеќе се внимава, големи букви не сум сретнал.
Суетата, скриената внатрешна драма, лажната загриженост, цинизмот, потребата да се претставиш во најдобро светло (кое и тоа светло да е), автоматските известувања за родендени на кои нема да помислиме ако овие известувања на постојат....
Луѓето премногу сериозно ги сфаќаат социјалните мрежи, не разбираат дека реалниот живот е сосема различен од тој што е претставен таму. Фалења, изигравање блогерки, глумење богаташки... Со два збора-глумење лудило.