Она кога темава ќе ја прочиташ како "Што ви е проблемот во моментот" Потребна ми е миризлива свеќа или оние air wick ароматизери за во штекер, некоја убава арома да ме релаксира
Одмор во планина на чист воздух малку шетање по снегот а ноќе покрај камин или шпорет на дрва опуштено и без телефон и интернет секако во друштво на некоја прикладна особа
Некој да ми рече - стани, смееш, излези надвор и цел ден не се прибирај ако сакаш! Па би отишла на козметичар, и депилација и коса и лице и нокти ќе средам. Следно ми треба да ја видам баба ми, да и зборувам и да испијам чај до неа. Потоа ќе се фрлам на еден шопинг и ова бебево што ми е во стомак има да го дотерам за од 0-3 месеци. Ќе си седнам на кафе т. Е ќе го купам за 'to go' затоа што по толку недели лежење задникот не би го седнала ни на минута ни за кафе. И на Водно би се заакала да подишам воздух. Би се сликала со некој лошо маскиран Дедо Мраз и би пеела со градските музичари на плоштад. Само толку