Некој (муж) да ми направи американски палачинки... Да ми рече - седи, ти уживај, а после да експериментираме со преливи, зашто во потполна доверба на ниеден маж кујна не му оставам. Реално, само малку внимание ми треба, не храна. И прегратка. Да се поткренам на прсти, да ги превиткам рацете околу неговиот врат, да стојам во таа позиција што дури кога ќе ме заболат нозе, ќе се спуштам... и да го бакнам во образ, ко што скоро секогаш правам после гушкање, но не безлично, туку задржувајќи се така неколку секунди, меморирајќи го. Иако сум дала еден куп бакнежи во образ, ниеден од навика. Толку.
Една лимитлес картичка... Да се истребам од овде на еден пат низ Европа прво, па после така по островчиња егзотични да се сунчам и да си пијам коктелчиња. Скромно.
Ее мор Мароске, ми ги читаш мислите, јас сум само за обратното, сочна пица и сок, па торта, за кафе е касно, а дечкото овај пат ќе го прескокнеме, I don't need никој да ме замара моментално @Marossa
Сон. Во принцип луѓето со грижа на совест не можат да заспијат, а јас еве не спијам поради некој што нема грижа на совест . Кога раскрстив со најдобрата другарка, можеби пет години по ред не престанав да ја сонувам, ко јас да сум виновна што луѓето ме предале, лажеле, манипулирале. Иста приказна ќе биде и сега, чувствувам.
па малку пари добро би ми дошле и една шоља кафе,добар филм,одмор пред се ми треба поради испитиве што ми се сега не сум спиена ич
Κошаρκа, таκа еден убав тρенинг, да ми помине повρедата на ρаκата за да можам да игρам и да го пρегρнам еднаш таκа сииилно малκу и јас да се почувствувам саκано ... поминаа 3 години од κога не сум се почувствувала таκа.