Да ме изненади. Да ми ги затвори очите додека влегувам внатре. Да пиеме варено вино покрај камин и да се кикотиме. Да читаме книги, јас на едниот крај од креветот, тој на другиот. Да почне да ме скокотка, додека сум задлабочена во страниците и да ја замолчиме смеата, кога погледите ќе ни се сретнат.