Книжарници - за од дома да стигнам до најблиската, треба да пешачам 15-20 минути. Тие порано што беа во околина, одамна се затворија. За споредба, многу поблиску имам казина и кладилници а аптеки по една на секоја минута-две.
Ехее за кладилници ли? И во најзатуцаното место да отидеш во државава, ќе најдеш минимум 2. Ама библиотека на пример, ни за лек. Не па некое кино или театар скраја било.
ОК, едно 10-15 мин. се во прашање, ама сè друго е поблиску, а и нема избор на книги. Па овој народ тоа го интересира, обложувалници и кафулиња. Не му текнува да прави нешто попаметно. А на оние кои владеат, така им одговара, ако воопшто размислуваат на темата и тие.